116
Македонски
3
Наполнете го резервоарот за вода до ознаката MAX (сл.
5).
4
Вратете го резервоарот за вода во апаратот така што прво ќе го вметнете долниот дел.
5
Туркајте го горниот дел на резервоарот за вода сè додека не легне на место („клик“) (сл. 6).
Користење на апаратот
Ткаенини што се пеглаат
Предупредување: немојте да пеглате ткаенини што не може да се пеглаат.
-
Ткаенините со овие симболи може да се пеглаат, на пример лен, памук, полиестер, свила, волна,
вискоза и вештачка свила (сл.
7).
-
Ткаенините со овој симбол не може да се пеглаат (сл. 8). Такви ткаенини се синтетичките ткаенини,
како што е спандексот или еластанот, ткаенините што содржат спандекс и полиолефините (на пр.
полипропилен). Отпечатените слики на облеката исто така не може да се пеглаат.
Пеглање
1
Ставете го генераторот за пареа на стабилна и рамна површина.
Забелешка: за да овозможите безбедно пеглање ви препорачуваме базата секогаш да ја
поставувате на стабилна штица за пеглање.
2
Проверете дали има доволно вода во резервоарот за вода.
3
Вметнете го приклучокот во заземјен ѕиден штекер и притиснете го копчето за вклучување/
исклучување за да го вклучите генераторот за пареа. Почекајте индикаторот „пеглата е
подготвена“ да почне постојано да свети (сл. 9). Тоа трае приближно 2 минути.
4
Извадете го цревото за довод на вода од преградата за чување на цревото за довод на вода.
5
Притиснете го копчето за отпуштање на бравата за носење за да ја ослободите пеглата од
подножјето (сл.
10).
6
Притиснете и задржете го копчето за пареа за да започнете да пеглате (сл.
11).
Предупредување: никогаш не насочувајте ја пареата кон луѓе.
7
За да постигнете најдобри резултати на пеглање, по пеглањето со пареа последните потези
направете ги без пареа.
Забелешка: при првата употреба на апаратот, може да бидат потребни 30 секунди за да пареата
почне да излегува од апаратот.
Забелешка: пумпата се активира секогаш кога ќе го притиснете копчето за пареа. Таа произведува
слаб звук на ѕвечкање, што е сосема нормално. Кога во резервоарот за вода нема вода, звукот на
пумпата е погласен. Надополнете го резервоарот за вода кога нивото на вода ќе се спушти под
минималното ниво.
За помоќна пареа можете да го користите режимот за пареа TURBO, кој е безбеден на сите ткаенини
што се пеглаат.
Ви препорачуваме да го користите режимот за пареа TURBO за ткаенини како што се памук, џинс и
лен.
1
Притиснете го копчето за вклучување/исклучување и задржете го 2 секунди сè додека
индикаторот не почне да свети во бела боја.
2
За да го деактивирате режимот TURBO, повторно притиснете го копчето за вклучување/
исклучување и задржете го 2 секунди сè додека индикаторот не почне да свети во сина боја.
Функција за дополнителна количина на пареа
Користете ја функцијата за дополнителна количина на пареа за да ги отстраните тврдокорните
набори.
1
Притиснете го копчето за пареа двапати брзо (сл.
12).