115
Македонски
Вовед
Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips! За да целосно ја искористите поддршката
што ја нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на
www.philips.com/welcome
.
Внимателно прочитајте го ова упатство за користење, брошурата со важни информации и водичот за
брз почеток пред да го користите апаратот. Зачувајте ги за идни потреби.
Ексклузивна технологија од Philips
Технологија OptimalTEMP
Технологијата OptimalTEMP ви овозможува да ги пеглате сите видови на ткаенина кои може да се
пеглаат, во кој било редослед, без приспособување на температурата на пеглата и без сортирање на
облеката.
Врелата грејна плоча можете безбедно да ја спуштите директно на штицата за пеглање без потреба
да ја враќате на подножјето (сл. 2). Тоа ќе го намали напрегнувањето на рачниот зглоб.
Компактна технологија ProVelocity
Оваа технологија овозможува континуирано испуштање пареа што продира длабоко за лесно
отстранување на наборите (сл. 3). Исто така, таа го прави апаратот покомпактен и полесен од
традиционалните генератори за пареа за полесно складирање.
Преглед на производот (сл.
1)
1
Црево за довод на вода
2
Копче за пареа/дополнителна количина на пареа
3
Индикатор „пеглата е подготвена“
4
Грејна плоча
5
Подножје за пеглата
6
Копче за отпуштање на бравата за носење
7
Отстранлив резервоар за вода
8 Преграда за чување на цревото за довод на вода
9
Кабел за напојување со приклучок
10
Копче CALC-CLEAN со индикатор
11
Копче за вклучување/исклучување со индикатор за напојување и индикатор за автоматско
исклучување
12
Копче ECO со индикатор
13
Сад Smart Calc-Clean
Подготовка за употреба
Тип вода што треба да ја користите
Овој апарат е предвиден да се користи со вода од чешма. Меѓутоа, ако живеете во подрачје со тврда
вода, може да дојде до брзо таложење на бигор. Затоа се препорачува користење на дестилирана
или деминерализирана вода за да се продолжи векот на траење на апаратот.
Предупредување: не користете парфимирана вода, вода од машина за сушење алишта, оцет,
штирак, средства за отстранување бигор, адитиви за пеглање, вода која е хемиски исчистена
од бигор или други хемикалии, затоа што може да предизвикаат нагло исфрлување на вода,
појава на кафени дамки или оштетување на апаратот.
Полнење на резервоарот за вода
1
Наполнете го резервоарот за вода пред секое користење или кога нивото на вода во резервоарот ќе
се спушти под минималното ниво. Резервоарот за вода можете да го дополните во секое време при
користењето.
2
Отстранете го резервоарот за вода од базата (сл.
4).