145
МК
Мак
едонски
7. Решавање.проблеми
Во ова поглавје се опишани најчестите проблеми со кои може да се соочите при користење на
апаратот. Ако не можете да го решите проблемот со помош на информациите наведени подолу,
контактирајте со центарот за корисничка поддршка во вашата земја.
Проблем
Можно.решение
Апаратот не работи
иако е приклучен во
штекер.
•
Предупредувањето за замена на филтерот било постојано
вклучено, но не сте го замениле соодветниот филтер. Како
резултат на тоа, апаратот сега е блокиран. Во тој случај, заменете го
филтерот и долго притиснете на за да го ресетирате бројачот за
траење на филтерот.
Протокот на воздух
од излезот за воздух е
значително послаб од
претходно.
•
Површината на филтерот е нечиста. Исчистете ја површината на
филтерот (погледнете го поглавјето „Чистење и одржување“).
Квалитетот на воздух
не се подобрува иако
апаратот работи
долго време.
•
Проверете дали амбалажата е отстранета од филтерот.
•
Филтерот не е поставен во апаратот. Проверете дали филтерот
(FY4440/30) е поставен правилно.
•
Сензорот за честички е влажен. Нивото на влага во вашата
просторија е високо и предизвикува кондензација. Проверете
дали сензорот за честички е чист и сув (погледнете го поглавјето
„Чистење и одржување“).
•
Просторијата е голема или квалитетот на надворешниот воздух е
слаб. За оптимални перформанси на пречистување, затворете ги
вратите и прозорците кога работи пречистувачот на воздух.
•
Постојат внатрешни извори на загадување. На пример пушење,
готвење, темјан, парфем или алкохол.
•
Филтерот е на крајот од работниот век. Заменете го филтерот со
нов.
Бојата на светлото за
квалитет на воздух е
секогаш иста.
•
Сензорот за честички е нечист. Исчистете го сензорот за честички
(погледнете го поглавјето „Чистење и одржување“).
Апаратот испушта
необичен мирис.
•
При првите неколку употреби, апаратот може да испушта мирис на
пластика. Тоа е нормално. Меѓутоа, ако апаратот испушта мирис на
изгорено дури и по отстранувањето на филтерот, контактирајте со
дистрибутерот на производи од Philips или со овластен сервисен
центар на Philips. Филтерот може да испушта мирис по одреден
период на користење поради апсорбирањето на внатрешните
гасови. Ви препорачуваме повторно да го активирате филтерот така
што ќе го ставите на директна сончева светлина за повеќекратно
користење. Заменете го филтерот ако сè уште испушта непријатен
мирис.