Предупредувања за избегнување труење и загадување и за обезбедување хигиена:
-
Кесичките за чување на мајчиното млеко се наменети само за еднократна употреба.
-
Темелно измијте ги рацете пред да ги наполните и испразните кесичките за чување на мајчиното млеко.
-
Никогаш не смее повторно да се замрзнува мајчиното млеко или да се додава свежо мајчино млеко во веќе
замрзнато мајчино млеко.
-
Можете да го чувате мајчиното млеко во фрижидер до 48 часа (не во вратата) или во замрзнувач до 3 месеци.
Внимание
-
Пумпата за измолзување е наменета за повеќекратно користење од страна на само една корисничка.
-
Никогаш не испуштајте и не ставајте туѓ објект во кој било отвор.
-
Никогаш не користете додатоци или делови од други производители или оние што Philips Avent не ги
препорачува конкретно.
-
Мијте ги, плакнете ги и дезинфицирајте ги сите делови на пумпата пред секое користење.
-
Не користете антибактериски или абразивни средства за чистење кога ги чистите деловите од пумпата за
измолзување.
-
Не продолжувајте со смукање повеќе од пет минути одеднаш, доколку воопшто не успеете да измолзите млеко.
-
Ако генерираниот притисок е непријатен или предизвикува болка, со прстот прекинете го прилепувањето
меѓу градата и телото на пумпата и извадете ја пумпата од вашата града.
Подготовка за користење
На правилен начин (видете 'Чистење и дезинфицирање') исчистете ги и дезинфицирајте ги сите делови
на пумпата за измолзување пред првото користење. Исчистете ги сите делови по секое последователно
користење и дезинфицирајте ги сите делови пред секое следно користење.
Склопување на пумпата за измолзување
Забелешка: Осигурете се дека сте ги исчистиле и дезинфицирале сите делови на пумпата за измолзување.
Темелно измијте ги рацете пред да ракувате со исчистените делови.
Предупредување: Внимавајте, исчистените делови може да се жешки. Започнете да
ја склопувате пумпата за измолзување дури откако исчистените делови ќе се изладат.
Совет: Склопувањето на пумпата за измолзување може да ви е полесно доколку деловите се мокри.
1
Ставете го белиот вентил во телото на пумпата одоздола. Турнете го вентилот колку што е можно повнатре (Сл. 2).
2
Навртувајте го телото на пумпата на шишето (Сл. 3) или на чашата за чување мајчино млеко (Сл. 4) сé
додека не се прицврсти добро.
Забелешка: Ако користите чаша за чување мајчино млеко, морате прво (Сл. 4) да го навртите прстенот за
адаптирање на чашата за чување мајчино млеко.
3
Ставете ја силиконската дијафрагма во телото на пумпата одозгора. Осигурете се дека е цврсто прилепена
околу работ со притискање надолу со прстите за да се обезбеди целосно дихтување (Сл. 5).
4
Прикачете ја рачката на дијафрагмата со цевче со закачување на отворот во рачката врз крајот на цевчето.
Притиснете ја рачката на телото на пумпата сé додека не кликне во позиција (Сл. 6).
5
Поставете го перничето за масирање во делот во форма на инка од телото (Сл. 7) на пумпата. Турнете
го внатрешниот дел на перничето за масирање колку што е можно повнатре и осигурете се дека е цврсто
прилепено околу рабовите на телото (Сл. 8) на пумпата. Притиснете помеѓу листовите на венецот за да го
отстраните заробениот воздух (Сл. 9).
Забелешка: Поставете го капакот врз перничето за масирањ за пумпата за измолзување да остане чиста
додека се подготвувате за измолзување.
Македонски
98
Summary of Contents for SCF330
Page 1: ...SCF330 ...
Page 2: ......
Page 3: ...2 1 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 SCF330 13 SCF330 50 1 ...
Page 4: ......
Page 120: ......
Page 121: ......
Page 122: ...7 11 9 25 19 5 13 6 10 8 12 2 3 4 5 14 15 16 17 ...
Page 123: ......