3
Дезинфицирајте ги сите делови во стерилизатор на пареа од Philips Avent или со нивно превривање 5
минути. За превривање, наполнете тенџере со доволно вода за да ги покрие сите делови. Загрејте ја
водата до вриење. Ставете ги деловите во тенџерето и оставете да вријат околу 5 минути. За време на
дезинфицирањето со вриење во вода, внимавајте шишето и другите делови да не ги допираат ѕидовите на
садот. Тоа може да предизвика неповратни деформации на производот или оштетувања за кои Philips не е
одговорен. Оставете водата да се излади и внимателно извадете ги деловите од водата. Уредно ставете
ги деловите на чиста хартиена крпа или на чиста решетка за сушење садови и оставете ги да се исушат.
Избегнувајте користење текстилни крпи за да ги исушите деловите бидејќи пренесуваат микроби и бактерии
кои може да му наштетат на вашето бебе.
Забелешка: Немојте да користите абразивни или антибактериски агенси за чистење.
Забелешка: Преголема концентрација на детергенти може да предизвика пластичните делови да напукнат.
Ако се случи тоа, веднаш заменете ги.
Забелешка: Боите за храна може да ја променат бојата на деловите.
Забелешка: Чашите за чување мајчино млеко и шишињата на Philips Avent се соодветни за сите методи на
дезинфицирање.
Чување
Чувајте ја пумпата за измолзување од директна сончева светлина бидејќи долга изложеност може да предизвика
промена на бојата. Чувајте ја пумпата за измолзување и нејзините делови на безбедно и суво место.
Компатибилност
Рачната пумпа за измолзување на Philips Avent е компатибилна со шишињата на Philips Avent во нашиот опсег
на чаши за чување мајчино млеко на Philips Avent. При користење други шишиња на Philips Avent, користете го
истиот тип на цуцла каков што е испорачан со тоа шише. За повеќе детали за тоа како да ја склопите цуцлата и
за општите упатства за чистењето, видете ги поглавјата „Хранење на вашето бебе со измолзено мајчино млеко“
и „Чистење и дезинфицирање“.
-
Резервните цуцли се достапни одделно. Внимавајте при хранењето на бебето да користите цуцла со
правилен проток.
-
Не ги мешајте деловите и цуцлите од шишето Anti-colic на Philips Avent со деловите од шишето Natural
на Philips Avent. Тие може да не одговараат и можат да предизвикаат протекување или други проблеми.
-
Високо квалитетното шише Philips Avent Natural е компатибилно со повеќето пумпи за измолзување,
цуцли за чаши, дискови за дихтување и капачиња за чаши на Philips Avent.
Нарачување додатоци
За да купите додатоци или резервни делови, одете на
www.philips.com/parts-and-accessories
или кај
дистрибутер на Philips. Исто така можете да се јавите во центарот за грижа на корисници на Philips во вашата земја.
Македонски
102
Summary of Contents for SCF330
Page 1: ...SCF330 ...
Page 2: ......
Page 3: ...2 1 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 SCF330 13 SCF330 50 1 ...
Page 4: ......
Page 120: ......
Page 121: ......
Page 122: ...7 11 9 25 19 5 13 6 10 8 12 2 3 4 5 14 15 16 17 ...
Page 123: ......