4
Нежно почнете да притискате на рачката сé додека не го почувствувате вшмукувањето на градата (Сл. 14).
Потоа дозволете рачката да се врати на положбата во мирување.
Забелешка: Не морате целосно да притискате на рачката, туку само толку колку што е удобно. Вашето млеко
наскоро ќе почне да тече, иако не го користите целосното вшмукување што може да го создаде пумпата.
5
Повторувајте го чекорот 4 рапидно 5 или 6 пати за да го иницирате рефлексот на испуштање на млекото.
Предупредување: Не продолжувајте со смукање повеќе од пет минути одеднаш,
доколку воопшто не успеете да измолзите млеко. Обидете се да измолзите млеко
во друго време во текот на денот.
6
Усвојте побавен ритам со притискање на рачката и нејзино задржување притисната до 3 секунди пред да
дозволите да се врати на положбата во мирување. Продолжете на овој начин додека тече вашето млеко.
Ако ви се измори раката, обидете се да ја користите другата рака за да ракувате со пумпата за измолзување
или одморете ја вашата рака преку телото за да пумпате од спротивната града.
Забелешка: Не грижете се доколку млекото не почне веднаш да тече. Опуштете се и продолжете со
измолзувањето. Преместувањето на пумпата за измолзување на градата од време на време може да
помогне да се поттикне протокот на млеко.
7
Во просек, треба да пумпате 10 минути за да измолзите 60-125 ml (2-4 fl oz) мајчино млеко од една града.
Сепак, ова е само показател и е различно кај секоја жена.
8
Кога ќе завршите со измолзување, внимателно отстранете ја пумпата за измолзување од градата и
одвртете го шишето или чашата за чување мајчино млеко од телото на пумпата, подготвено за хранење или
складирање. Исчистете ги другите користени делови од пумпата за измолзување.
Забелешка: Ако редовно измолзувате повеќе од 125 ml од сесија, можете да купите и да користите шише
Philips Avent од 260 ml (9 fl oz) за да спречите преполнување и истурање.
По употребата
Чување на мајчиното млеко
Предупредување: Да се чува само млекото собрано со чиста и дезинфицирана пумпа.
Мајчиното млеко може да се чува во ладилник (не на вратата) до 48 часа. Измолзеното млеко треба веднаш
да се разлади. Ако млекото го чувате во фрижидер за додавање во текот на денот, додавајте само млеко што
било измолзено во чисто и дезинфицирано шише или сад за мајчино млеко. Мајчиното млеко може да се чува
во замрзнувач до три месеци, ако се чува или во дезинфицирани шишиња опремени со дезинфициран прстен за
навртување и диск за дихтување или во дезинфицирани чаши за чување мајчино млеко со дезинфициран капак.
Јасно обележете го шишето или чашата за чување мајчино млеко со датумот на измолзување и прво користете
го постарото мајчино млеко.
Доколку сакате да го нахраните вашето бебе со измолзено мајчино млеко во периодот од 48 часа, можете да
го чувате мајчиното млеко во фрижидер во склопено шише или чаша за чување мајчино млеко на Philips Avent.
Одвртете го шишето или чашата за чување мајчино млеко и отстранете го од телото на пумпата.
1
Ставете дезинфициран диск за дихтување во дезинфициран прстен за навртување и навртете го на шишето
(Сл. 15). Покријте ја цуцлата со капачето.
2
Склопете дезинфицирана цуцла и навртете го прстенот на шишето (Сл. 16) или на чашата за чување мајчино
млеко во согласност со одделните упатства обезбедени со шишето или чашата за чување мајчино млеко и
затворете ја цуцлата со капачето.
3
Во случај чашата за чување мајчино млеко да е вклучена во рачната пумпа за измолзување, навртете го
капакот на чашата за чување мајчино млеко. Осигурете се дека сте го затвориле правилно за да избегнете
протекување (Сл. 17).
Македонски
100
Summary of Contents for SCF330
Page 1: ...SCF330 ...
Page 2: ......
Page 3: ...2 1 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 SCF330 13 SCF330 50 1 ...
Page 4: ......
Page 120: ......
Page 121: ......
Page 122: ...7 11 9 25 19 5 13 6 10 8 12 2 3 4 5 14 15 16 17 ...
Page 123: ......