60
61
2309-60
.............................9 V
......................482,4 g
......................914,4 mm
........................65,8 mm
................. 320x240 Pixel
......................... 30x M Pixel
.............................1 h
....................... IP54
МАКЕДОНСКИ
МАКЕДОНСКИ
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Камерата за дигитална инспекција се употребува за
прикажување и инспекција на тешко достапни подрачја.
Таа е погодна за брзо и едноставно локализирање
проблеми и објекти, без да се отвораат или оштетуваат
испитуваните предмети.
Не го користете овој производ на било кој друг начин
освен пропишаниот за нормална употреба.
БАТЕРИИ
Батриите кои не биле користени подолго време треба да
се наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат
траењето на батериите. Избегнувајте подолго
изложување на батериите на високи температури или
сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
ОДРЖУВАЊЕ
Глава на камерата да бидат чисти
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани
треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги
сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја
листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на
апаратот со наведување на машинскиот тип и
шестоцифрениот број на табличката со учинокот или во
Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Германија.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
ОПАСНОСТ!
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за
употреба.
ВНИМАНИЕ: Овој апарат може да исшушта
опасно зрачење. Не гледајте во вклучената
ламба. Тоа може да биде штетно по окото.
Електричните апарати и батериите што
се полнат не смеат да се фрлат заедно со
домашниот отпад.
Електричните апарати и батериите треба
да се собираат одделно и да се однесат во
соодветниот погон заради нивно фрлање во
склад со начелата за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни
служби или кај специјализираниот трговски
претставник, каде има такви погони за
рециклажа и собирни станици.
Европска ознака за сообразност
Британска ознака за сообразност
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
ВНИМАНИЕ! Прочитајте ги безбедносните
напомени и упатства.
Заборавање на почитувањето на
безбедносните упатства и инструкции можат да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и
инструкции за во иднина.
СПЕЦИЈАЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
КАМЕРАТА ЗА ДИГИТАЛНА ИНСПЕКЦИЈА
При реализација на работи позади ѕидови, исклучете го
мрежниот осигурувач за односното подрачје.
При реализација на работи во цевки внимавајте, цевките
да не бидат под напон или да не се со електрично
полнење. Цевките не смеат да содржат течност.
Камерата и апаратот не смеат да дојдат во контакт со
течност.
Камерата и кабелот не смеат да дојдат во контакт со
масло, гас или други материјали што предизвикуваат
корозија.
За да се намали ризикот од експлозија, електричен удар
или материјална штета, пред да се почне со работа да
се провери работната површина. Кабелот не смее да
дојде во контакт со електрични компоненти, хемикалии
или подвижни делови.
Инспекција на возило: Пред инспекцијата да се исклучи
моторот и да се остави да се олади. Камерата за
испекција односно кабелот не смеат да дојдат во контакт
со масло, моторно гориво или со други корозивни
материјали.
За да се намали ризикот од оштетување на уредот, да не
се употребува прекумерна сила и да не се свиткува
кабелот. Камерата за инспекција и кабелот да не се
употребуваат во подрачја, каде што би можеле да дојдат
во контакт со нагризувачки и мрсни супстанции.
Кабелот да не се употребува за отстранување на
затнувања или препреки. Ова не е чистач на цевки!
Облошката, објективот, дисплејот и копчињата на
камерата може да бидат попречени од страна на
електростатично празнање, што пак може да доведе до
тоа, LCD-идентификаторот да не прикаже слика или пак
да прикаже оштетена или темна слика. Во овој случај,
повторно притиснете го копчето за ВКЛУЧУВАЊЕ/
ИСКЛУЧУВАЊЕ.
Предупредување:
Овој апарат може да предизвика
пречки во радиобрановите во станбениот простор.
СПЕЦИЈАЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
БАТЕРИЈА
За беспрекорна работа во апаратот мора да бидат
уредно ставени 9 V батерии. Не употребувајте други
видови на напојување со напон или струја.
Секогаш чувајте ги батериите вон дофат на деца.
Не употребувајте мешавина од нови и употребувани
батерии. Не употребувајте мешавина од батерии на
различни производители (или различни типови од еден
производител).
Не употребувајте истовремено батерии што можат да се
полнат и батерии што не можат да се полнат.
Ставајте ги батериите според симболите + / – .
Искористените батерии отстранете ги веднаш уредно.
Киселината од оштетените батериите може да истече
при екстремен напон или температури. Доколку дојдете
во контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун и
вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво
најмалку 10минути и задолжително одете на лекар.
Овој апарат не смее да се
опслужува или чисти од страна
на лица кои што располагаат со
намалени телесни, сензорни или
душевни способности односно
недостаток на искуство или
знаење, освен ако не биле
обучени за безбедно опходување
со апаратот од страна на лице
кое што е според законот
одговорно за нивната
безбедност. Горе наведените
лица треба да се набљудуваат
при употреба на апаратот. На
апаратот не му е место крај
деца. Затоа при негова
неупотреба апаратот треба да се
чува безбедно и вон дофат на
деца.
Предупредување!
За да избегнете опасноста од пожар,
од наранувања или од оштетување на производот,
коишто ги создава краток спој, не ја потопувајте во
течност алатката, заменливата батерија или полначот и
пазете во уредите и во батериите да не проникнуваат
течности. Корозивни или електроспроводливи течности,
како солена вода, одредени хемикалии, избелувачки
препарати или производи кои содржат избелувачки
супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
КАМЕРА ЗА ИНСПЕКЦИЈА
Волтажа на батеријата .........................................................
Тежина со батерија ................................................................
Должина на кабелот на камерата .........................................
Глава на камерата .................................................................
Резолуција на екранот ...........................................................
Резолуција на сликата ...........................................................
Времетраење на батеријата макс. .......................................
Заштитна класа ......................................................................