70
МАКЕДОНСКИ
Кога режимот на употреба не е мемориран:
Нивото на силата на удар се менува секој пат кога ќе
го притиснете копчето за брза промена на режимот.
Предните ламбички на двете страни ќе светнат
еднаш кога ќе се промени силата на ударот со
притискање на копчето за брза промена на режимот.
Кога режимот на употреба е мемориран:
Алатот се префрла помеѓу меморираниот режим на
употреба и тековниот режим на употреба секој пат кога
ќе го притиснете копчето за брза промена на режимот.
Предните ламбички на двете страни ќе светнат
еднаш кога ќе се промени режимот на употреба со
притискање на копчето за брза промена на режимот.
НАПОМЕНА:
Кога статусот на ламбичката е
исклучен, предните ламбички нема да светнат
дури и кога ќе се промени режимот на употреба со
притискање на копчето за брза промена на режимот.
НАПОМЕНА:
Погледнете во „Меморирање на
режимот на употреба“ во делот „Функција за брза
промена на режимот“ за начинот на меморирање
на режимот на употреба.
Оневозможување на копчето за брза
промена на режимот
Може да го оневозможите копчето за брза промена
на режимот. По оневозможувањето, копчето за
брза промена на режимот нема да функционира
за промена на силата на ударот и на режимот на
употреба.
За да го оневозможите копчето за брза промена на
режимот, притиснете ги и задржете ги копчето за
брза промена на режимот и копчето
истовремено
додека не почнат да трепкаат сите ламбички на
панелот.
За да го овозможите копчето за брза промена на
режимот, изведете ја постапката погоре повторно.
НАПОМЕНА:
Меморирањето и бришењето на
режимот на употреба може да се изведе дури
и ако копчето за брза промена на режимот е
оневозможено. Откако ќе го меморирате или
избришете режимот на употреба, копчето за брза
промена на режимот ќе биде активирано.
Брза референца
Следната табела ги прикажува функциите на копчето за брза промена на режимот.
го означува копчето за брза промена на режимот.
Копче/Намена
Дејство
Како се потврдува
(Кога функцијата за брза промена на
режимот е ИСКЛУЧЕНА)
Менување на силата на удар со
копчето за брза промена на режимот
Притиснете
Предните ламбички на алатот светкаат
еднаш.
(Кога функцијата за брза промена на
режимот е ВКЛУЧЕНА)
Префрлање на меморираниот режим
на употреба
Притиснете
Предните ламбички на алатот светкаат
еднаш.
+
Меморирање на режимот на употреба
Притиснете и задржете (секое копче)
Пример: Мемориран е режим на дрво
Ламбичката на бараниот режим на
употреба трепка.
+
Бришење на меморираниот режим на
употреба
Притиснете и задржете (секое копче)
Сите ламбички за степен на сила на
удар трепкаат.
+
Оневозможување/продолжување со
копчето за брза промена на режимот
Притиснете и задржете (секое копче)
Сите ламбички на панелот трепкаат.
: Ламбичката трепка.