| 205 |
Запазете ги прописите коишто важат
во Вашата земја за материјали што се
обработуваат.
2.6.3 Безбедност при работа со
струја
•
Пред секоја употреба извршете контрола
на електричниот алат, кабелот за струја и
штекерот во смисла на оштетувања.
Оштетениот уред е опасен и веќе не е
безбеден за употреба.
•
Внимавајте на напонот во мрежата!
напонот на напојувањето со струја мора да
соодветствува со податоците на типската
плочка на електричниот алат.
•
кога се работи со електричен алат
приклучен на подвижен агрегат за струја
(генератор), може да дојде до намалена
моќност и нетипично однесување при
вклучувањето.
•
не користете електричен алат со
оштетен кабел. не допирајте оштетен
кабел и извлечете го приклучникот за
струја доколку кабелот се оштети при
работењето.
Оштетените кабли го зголемуваат
ризикот од струен удар.
•
користете само продолжни кабли што се
соодветни за моќноста на машината и со
проводници од најмалку 1,5 mm
2
. Доколку
користите намотка со продолжен кабел,
кабелот мора да биде извлечен целосно.
Навитканиот кабел може да се загрее силно
и да почне да гори.
•
Разладните отвори на Вашиот електричен
алат чистете ги редовно со компримиран
воздух. Во ниеден случај не ставајте
одвртка или други предмети во разладните
отвори. Разладните отвори не смеат да
бидат покриени.
Вентилаторот на моторот вовлекува прав
во куќиштето, а високата концентрација
на метален прав може да предизвика
електрична опасност.
•
Под влијание на надворешни
електромагнетни пречки (на пример,
осцилации во напонот, електростатичко
празнење), можно е евтоматско
исклучување на електричниот алат.
Во овој случај исклучете го и одново
вклучете го електричниот алат.
•
не користете работни алати за кои треба
средство за ладење.
Користењето вода или други течни
средства за ладење може да предизвика
струен удар.
2.6.4 Безбедност на лица
•
носете лична заштитна опрема и користете
ја според ситуацијата на работа:
Целосна заштита за лицето,
заштита за очите или заштитни
очила, заштитен шлем и
специјална престилка
Заштитете се од отфрлените
делови со помош на заштитен
шлем, заштитни очила или
заштита за лицето, и, ако е
потребно, со помош на престилка.
заштита на слухот
Типичното А пондерирано ниво
на моќност на звукот на овој
електричен алат при работење е
над 85 dB (A).
При подолготрајна изложеност на
силна бучава постои опасност од
оштетување на слухот, односно од
губење на слухот.
антивибрациски заштитни
ракавици
При активирачка вредност А (8)
за вибрации на дланка / рака од над
2,5 m / s
2
се препорачува носење
на антивибрациски заштитни
ракавици.
заштитни чевли што не се лизгаат
маска против прав, филтерска
маска за уста и нос или
респираторна маска
Вдишувањето фин минерален
прав може да го загрози
здравјето. Се препорачува
носење на респираторна маска со
филтерска класа P2 или P3 (според
DIN EN 149:2001).
Работењето со дијамантски
дискови за суво сечење е абразивен
процес при кој се создава најфин
прав. При фрезирање материјали
што содржат кварц постои
голема опасност од силикоза, па
машината смее да се користи
само во комбинација со соодветна
правосмукалка (на пример,
специјална правосмукалка MAKITA).
•
Внимавајте на безбедното растојание
до други лица и нивните подрачја на
работење. Секој што се наоѓа во работната
област мора да носи лична заштитна
опрема.
Искршените делови од работното парче или
од работните алати може да одлетаат и
да предизвикаат повреди исто и надвор од
непосредното подрачје на работењето.