26
МАКЕДОНСКИ
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или
проверка на алатот, проверете дали е исклучен
и откачен од струја.
Вклучување
ВНИМАНИЕ:
Пред да го вклучите алатот во
струја, секогаш проверете дали е исклучен.
За да го стартувате алатот, поместете го
прекинувачот во положба „I“ (вклучено). За да
запрете, поместете го прекинувачот во положба „O“
(исклучено).
►
Сл.1:
1.
Прекинувач
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред да работите нешто на
алатот, проверете дали е исклучен и откачен
од струја.
Монтирање или отстранување на
каменот
Опционален прибор
ВНИМАНИЕ:
Користете соодветна
големина на конусниот прицврстувач за
каменот што имате намера да го користите.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не зацврстувајте ја навртката
на прицврстувачот без да го ставите каменот.
Инаку може да дојде до кршење на конусот на
прицврстувачот.
Одвртете ја навртката за стегање налево и ставете
го каменот во навртката за прицврстување.
Користете еден клуч за да го држите вретеното.
Користејќи друг клуч, свртете ја навртката надесно
за да затегнете цврсто.
►
Сл.2:
1.
Клуч
2.
Навртка за прицврстување
3.
Вретено
4.
Конус на цанга
НАПОМЕНА:
Ако не можете да го вметнете
каменот за шлифување во навртката на цангата
по олабавување на навртката, можно е таа да
му попречува на каменот за шлифување. Во
тој случај, отстранете ја навртката на цангата и
повторно поставете го конусот на цангата.
Каменот не треба да се монтира на повеќе од 10 мм
од навртката за прицврстување. Преминувањето
на таа оддалеченост би можела да предизвика
вибрации или да се скрши основата.
►
Сл.3
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Притисокот врз алатот треба да
биде мал.
Со преголем притисок ќе добиете само лоша
завршна површина и преоптоварување на моторот.
ВНИМАНИЕ:
Каменот продолжува да врти
откако алатот ќе се исклучи.
►
Сл.4
Вклучете го алатот без каменот да дојде во допир со
работниот материјал и причекајте додека каменот ја
достигне целосната брзина. Потоа нежно ставете го
каменот во материјалот. За да добиете добра завршна
површина, полека движете го алатот налево.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или
одржување, проверете дали алатот е исклучен
и откачен од струја.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
Острење на каменот
Опционален прибор
Кога каменот станува „оптоварен“ со различни
бургии и честички, потребно е да го наострите со
брусен камен.
►
Сл.5
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА на
производот, поправките, одржувањата или дотерувањата
треба да се вршат во овластени сервисни или фабрички
центри на Makita, секогаш со резервни делови од Makita.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
Овој прибор или додатоци
се препорачуваат за користење со алатот од
Makita дефиниран во упатството.
Со користење
друг прибор или додатоци може да се изложите на
ризик од телесни повреди. Користете ги приборот
и додатоците само за нивната назначена намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
•
Камења за брусење
•
Комплет конусни прицврстувачи (3 мм, 6 мм,
1/4", 1/8")
•
Клуч 10
•
Камен за брусење
НАПОМЕНА:
Некои ставки на листата може да се
вклучени со алатот како стандарден прибор. Тие
може да се разликуваат од држава до држава.