25
МАКЕДОНСКИ
20.
Не користете додатоци за коишто се
потребни течности за ладење.
Користењето
вода или друга течност за ладење може да
предизвика струен удар.
Повратен удар и предупредувања
Повратен удар настанува при ненадејно
заглавување или поткачување на додатоците
што се вртат. Заглавувањето или поткачувањето
предизвикува нагло сопирање на вртливиот додаток,
што предизвикува губење контрола врз алатот
и негово придвижување во насока спротивна од
вртењето.
На пример, ако абразивно тркало се заглави во
работниот материјал, работ на тркалото што влегува
во точката на заглавувањето може да се зарие во
површината на материјалот, што ќе предизвика
тркалото да излезе или да отскокне. Каменот може
да отскокне кон операторот или настрана од него,
зависно од насоката на движење на каменот во
точката на заглавување. Абразивните камења може
исто така да се скршат под вакви услови.
Повратниот удар е резултат од неправилна употреба
на алатот и/или неправилни работни постапки
и услови и може да се избегне со преземање
соодветни мерки на претпазливост, како што е
наведено подолу.
1.
Цврсто држете го алатот и наместете ги
телото и раката, така што ќе можат да
ги издржат силите од повратен удар.
Операторот може да ги контролира силите на
повратниот удар ако се преземат соодветни
мерки на претпазливост.
2.
Бидете особено внимателни кога работите
на агли, остри рабови и сл. Избегнувајте
скокање и завлекување на додатокот.
Аглите, острите рабови и отскокнувањето
можат да го заглават вртливиот додаток и да
предизвикаат губење контрола или повратен
удар.
3.
Не закачувајте назабено сечило.
Таквите
сечила често предизвикуваат повратни удари и
губење контрола
4.
Секогаш принесете ја бургијата во
материјалот во истиот правец како што
работ за сечење излегува од материјалот
(што е истиот правец како што се
исфрлуваат делканиците).
Принесувањето
на алатот во погрешен правец предизвикува
работ за сечење на бургијата да се подигне над
работата и да го повлече алатот во правец на
ова принесување.
Специфични безбедносни предупредувања за
брусење:
1.
Користете само типови камења што се
препорачани за вашиот алат и само за
препорачани примени.
2.
Не поставувајте ја раката во линија со
вртливиот камен или зад него. Кога каменот,
во точката на работа, се движи подалеку од
вашата рака, можниот повратен удар може да
ги фрли вртливиот камен и алатот право на
вас.
Дополнителни безбедносни предупредувања:
1.
Алатот е наменет за употреба со армирани
абразивни камења (брусни камења) што се
постојано монтирани на рамни, извлечени
оски (бургии).
2.
Внимавајте каменот да не го допира
материјалот пред да се вклучи
прекинувачот.
3.
Пред да го користите алатот врз работниот
материјал, оставете го да поработи малку
напразно. Видете дали има вибрации или
осцилации што може да укажуваат на лошо
монтирање или неизбалансиран камен.
4.
Користете ја назначената површина на
каменот за да го изведете брусењето.
5.
Внимавајте на искрите. Држете го алатот,
така што искрите ќе летаат подалеку од вас,
други лица или запаливи материјали.
6.
Не оставајте го алатот вклучен. Работете со
алатот само кога го држите в раце.
7.
Не допирајте го материјалот веднаш по
работата, може да е многу жежок и да ви ја
изгори кожата.
8.
Почитувајте ги упатствата на
производителот за правилно монтирање и
користење на камењата. Бидете внимателни
кога ракувате со камењата и кога ги
одложувате.
9.
Проверете дали материјалот е добро
прицврстен.
10.
Ако работното место е крајно жешко и
влажно или многу загадено со спроводлив
прав, користете прекинувач за краток спој
(30 mA) за безбедност на операторот.
11.
Не користете го алатот ако материјалот
содржи азбест.
12.
Бидете сигурни дека секогаш стоите на
цврста подлога. Уверете се дека под Вас
нема никој кога го користите алатот на
високи места.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ
удобноста или познавањето на производот
(стекнати со подолга употреба) да ве наведат
да не се придржувате строго до безбедносните
правила за овој производ. ЗЛОУПОТРЕБАТА
или непочитувањето на безбедносните
правила наведени во ова упатство може да
предизвикаат тешка телесна повреда.