66 МАКЕДОНСКИ
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред да работите нешто на алатот,
проверете дали е исклучен и откачен од струја.
Местење на страничниот држач (рачка)
ВНИМАНИЕ:
Секогаш проверувајте дали
страничниот држач е наместен цврсто пред да работите.
ВНИМАНИЕ:
Можете да го монтирате
страничниот држач на некој од 3-те отвори.
Монтирајте го страничниот држач на едниот од
отворите според саканата работа.
Завртете го страничниот држач цврсто во положбата
на алатот како што е прикажано на сликата.
►
Сл.7
Монтирање или отстранување на
кружната дршка
Опционален прибор
ВНИМАНИЕ:
Секогаш осигурете се дека
завртките на кружната дршка се цврсто
затегнати пред да ја користите.
ВНИМАНИЕ:
Држете ја дршката за областа
назначена во сликата. Исто така, држете ја раката
подалеку од металниот дел на брусилката за
време на работењето.
Ако го допрете металниот дел,
може да добиете струен удар во случај додатокот за
сечење неочекувано да наиде на жица под напон.
Дршката може да биде поудобна од оригиналниот
страничен држач за некои примени. За да ја монтирате
кружната дршка, монтирајте ја врз алатот како што е
покажано и зацврстете две завртки за да ја фиксирате.
За да ја отстраните кружната дршка, следете ја
постапката за монтирање по обратен редослед.
►
Сл.8:
1.
Кружна дршка
2.
Завртка
3.
Област за држење
Ставање или вадење на штитникот
за тркалото (за тркало со вдлабнато
средиште, повеќеделен диск, флекси-
тркало, жичена четка/тркало за
абразивно сечење, дијамантско тркало)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Кога користите
тркало со вдлабнато средиште, повеќеделен
диск, флекси-тркало или тркало со жичена
четка, штитникот за тркалото треба да се
монтира на алатот, така што затворената страна
на штитникот да биде свртена кон операторот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Кога користите
тркало за абразивно сечење/дијамантско тркало,
внимавајте да го користите само специјалниот
штитник конструиран за тркалата за сечење.
(Во некои европски земји може да се користи и
обичниот штитник при користење на дијамантските
тркала. Почитувајте ги прописите во земјата.)
За алат со штитник за тркалото со
завртка
Монтирајте го штитникот за тркалото со испакнатините на
лентата на штитникот за тркалото порамнета со жлебовите
на кутијата на лежиштето. Потоа, свртете го штитникот на
тркалото до агол што ќе го заштити операторот зависно од
работата. Цврсто стегнете ја завртката.
За да го извадите штитникот, следете ја постапката
за местење по обратен редослед.
►
Сл.9:
1.
Штитник за тркало
2.
Склоп со лагери
3.
Завртка
За алати со штитник за тркалото со
рачка за стегање
Опционален прибор
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Заштитникот за
тркалото треба да се монтира на алатот така
што затворената страна на заштитникот ќе
биде свртена кон операторот.
Олабавете ја навртката и потоа повлечете го лостот
во насока на стрелката.
►
Сл.10:
1.
Навртка
2.
Рачка
Монтирајте го штитникот за тркалото со
испакнатината на лентата на штитникот за тркалото
порамнета со жлебовите на кутијата на лежиштето.
Потоа свртете го штитникот до агол што ќе го
заштити операторот зависно од работата.
►
Сл.11:
1.
Штитник за тркало
2.
Склоп со лагери
►
Сл.12:
1.
Штитник за тркало
Цврсто затегнете ја навртката со клуч за одвртување, а
потоа затворете го лостот во насока на стрелката за да
се зацврсти штитникот за тркало. Ако лостот е престегнат
или прелабав за да го зацврсти штитникот на тркалото,
отворете го лостот и потоа олабавете ја или затегнете
ја навртката со клуч за одвртување за да се нагоди
затегнувањето на лентата на штитникот за тркало.
►
Сл.13:
1.
Навртка
2.
Лост
За да го извадите штитникот за тркало, следете ја
постапката за местење по обратен редослед.
Монтирање или вадење на тркало
со вдлабнато средиште или
повеќеделен диск
Опционален прибор
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Кога користите
тркало со вдлабнато средиште или
повеќеделен диск, штитникот на тркалото
треба да се монтира на алатот, така што
затворената страна на штитникот да биде
свртена кон операторот.
ВНИМАНИЕ:
Уверете се дека делот
од внатрешната фланша што се монтира
совршено го собира во внатрешниот дијаметар
на вдлабнатото средиште/повеќеделниот
диск.
Ако внатрешната фланша се монтира на
погрешната страна, може да настанат опасни
вибрации.
Summary of Contents for GA7070
Page 2: ...1 Fig 1 1 2 3 Fig 2 1 2 3 Fig 3 B C 2 1 A Fig 4 B C 2 1 A Fig 5 1 Fig 6 Fig 7 1 2 3 Fig 8 2 ...
Page 5: ...1 Fig 24 1 Fig 25 1 2 4 5 6 3 Fig 26 Fig 27 1 2 Fig 28 Fig 29 Fig 30 Fig 31 5 ...
Page 6: ...Fig 32 Fig 33 1 Fig 34 1 2 Fig 35 6 ...
Page 7: ...1 2 3 5 4 6 3 3 8 5 9 7 8 5 6 11 10 5 12 13 14 20 18 19 5 17 21 3 22 5 2 2 15 16 Fig 36 7 ...
Page 117: ...117 ...
Page 118: ...118 ...
Page 119: ...119 ...