64 МАКЕДОНСКИ
2.
НЕ КОРИСТЕТЕ испакнати тркала со оваа
брусилка.
Брусилката не е конструирана за
такви видови тркала и користењето такви
производи може да доведе до тешки повреди.
3.
Внимавајте да не ги оштетите вретеното,
фланшата (особено површината за
монтирање) или навртката за стегање.
Оштетувањето на тие делови може да
доведе до кршење на тркалото.
4.
Внимавајте каменот да не го допира
материјалот пред да се вклучи прекинувачот.
5.
Пред да го користите алатот врз работниот
материјал, оставете го да поработи малку
напразно. Видете дали има вибрации или
осцилации што може да укажуваат на лошо
монтирање или неизбалансиран камен.
6.
Користете ја назначената површина на
каменот за да го изведете брусењето.
7.
Не оставајте го алатот вклучен. Работете со
алатот само кога го држите в раце.
8.
Не допирајте го материјалот веднаш по
работата, може да е многу жежок и да ви ја
изгори кожата.
9.
Не допирајте ги додатоците веднаш по
работата, може да се многу жешки и да ви ја
изгори кожата.
10.
Почитувајте ги упатствата на
производителот за правилно монтирање и
користење на камењата. Бидете внимателни
кога ракувате со камењата и кога ги
одложувате.
11.
Не користете посебни редуцирачки лежишта
или адаптери за да ставате абразивни
тркала со голем отвор.
12.
Користете само фланши наменети за овој алат.
13.
За алатите на кои се ставаат тркала со
отвор со навои, внимавајте навојот во
тркалото да е доволно долг да ја прими
должината на вретеното.
14.
Проверете дали материјалот е добро
прицврстен.
15.
Внимавајте, тркалото продолжува да се
врти по исклучување на алатот.
16.
Ако работното место е крајно жешко и
влажно или многу загадено со спроводлив
прав, користете прекинувач за краток спој
(30 mA) за безбедност на операторот.
17.
Не користете го алатот ако материјалот
содржи азбест.
18.
Кога користите тркало за сечење, секогаш
работете со штитникот за собирање прав
што го бараат домашните прописи.
19.
Дискот за сечење не смее да се притиска
странично.
20.
Не користете платнени работни ракавици
при работата.
Текстилните влакна од
платнените ракавици може да навлезат во
алатот, што предизвикува кршење на алатот.
21.
Внимавајте да нема електрични кабли,
цевки за вода, цевки за плин итн. што може
да предизвикаат опасност доколку се
оштетат со употребата на алатот.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ
удобноста или познавањето на производот
(стекнати со подолга употреба) да ве наведат
да не се придржувате строго до безбедносните
правила за овој производ. ЗЛОУПОТРЕБАТА
или непочитувањето на безбедносните
правила наведени во ова упатство може да
предизвикаат тешка телесна повреда.
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или
проверка на алатот, проверете дали е исклучен
и откачен од струја.
ВНИМАНИЕ:
Вратете го прекинувачот во
положба „OFF“ (ИСКЛУЧЕНО) доколку дојде
до случајно откачување, прекин на електрична
енергија или доколку напојувањето се прекине
ненамерно.
Во спротивно, алатот може ненадејно
да се стартува кога напојувањето ќе се врати, а
тоа може да резултира со телесна повреда.
Блокада на оската
Притиснете ја блокадата на оската за да спречите
вртење на вретеното кога ставате или вадите
додатоци.
►
Сл.1:
1.
Блокада на оската
ЗАБЕЛЕШКА:
Не затегнувајте ја блокадата на
оската кога вретеното се движи.
Алатот може да
се оштети.
Позиции за монтирање на дршките
ВНИМАНИЕ:
Секогаш осигурувајте се дека
дршката е блокирана во саканата положба
пред да започнете со работа.
Дршката може да се заврти за 90° или на лево
или на десно за да одговара на вашите работни
потреби. Прво, исклучете го алатот од напојувањето.
Притиснете го копчето за блокирање и завртете ја
дршката целосно кон лево или кон десно. Дршката
ќе биде блокирана во таа положба.
GA7070, GA9070
►
Сл.2:
1.
Куќиште на мотор
2.
Копче за
заклучување
3.
Рачка
GA7071, GA9071
►
Сл.3:
1.
Куќиште на мотор
2.
Копче за
заклучување
3.
Рачка
Вклучување
ВНИМАНИЕ:
Пред да го приклучите
кабелот во мрежата, проверете го
прекинувачот дали функционира правилно и
дали се враќа во положбата „OFF“ кога ќе се
отпушти.
Summary of Contents for GA7070
Page 2: ...1 Fig 1 1 2 3 Fig 2 1 2 3 Fig 3 B C 2 1 A Fig 4 B C 2 1 A Fig 5 1 Fig 6 Fig 7 1 2 3 Fig 8 2 ...
Page 5: ...1 Fig 24 1 Fig 25 1 2 4 5 6 3 Fig 26 Fig 27 1 2 Fig 28 Fig 29 Fig 30 Fig 31 5 ...
Page 6: ...Fig 32 Fig 33 1 Fig 34 1 2 Fig 35 6 ...
Page 7: ...1 2 3 5 4 6 3 3 8 5 9 7 8 5 6 11 10 5 12 13 14 20 18 19 5 17 21 3 22 5 2 2 15 16 Fig 36 7 ...
Page 117: ...117 ...
Page 118: ...118 ...
Page 119: ...119 ...