44
МАКЕДОНСКИ
16.
Не користете додатоци за коишто се
потребни течности за ладење.
Користењето
вода или друга течност за ладење може да
предизвика струен удар.
Повратен удар и предупредувања
Повратен удар настанува при ненадејно
заглавување или поткачување на тркало,
подлошка, четка или некој друг додаток што се врти.
Заглавувањето или поткачувањето предизвикува
нагло сопирање на вртливиот додаток, што
предизвикува губење контрола врз алатот и негово
придвижување во насока спротивна од вртењето на
тркалото на точката на заглавувањето.
На пример, ако абразивно тркало се заглави во
работниот материјал, работ на тркалото што влегува
во точката на заглавувањето може да се зарие во
површината на материјалот, што ќе предизвика
тркалото да излезе или да отскокне. Каменот може
да отскокне кон операторот или настрана од него,
зависно од насоката на движење на каменот во
точката на заглавување. Абразивните камења може
исто така да се скршат под вакви услови.
Повратниот удар е резултат од неправилна употреба
на алатот и/или неправилни работни постапки
и услови и може да се избегне со преземање
соодветни мерки на претпазливост, како што е
наведено подолу.
1.
Цврсто држете го алатот и наместете ги
телото и раката, така што ќе можат да ги
издржат силите од повратен удар. Секогаш
користете помошна рачка, ако ја има,
за максимална контрола при повратен
удар или торзиска реакција за време на
стартувањето.
Операторот може да ги
контролира торзиските реакции и силите на
повратниот удар ако се преземат соодветни
мерки на претпазливост.
2.
Не ставајте ја раката близу до вртливиот
додаток.
Додатокот може да се одбие преку
раката.
3.
Не поставувајте го телото во подрачјето
каде што алатот ќе се придвижи во случај
на повратен удар.
Повратниот удар ќе го фрли
алатот во насока спротивна од движењето на
тркалото во точката на заглавување.
4.
Бидете особено внимателни кога работите
на агли, остри рабови и сл. Избегнувајте
скокање и завлекување на додатокот.
Аглите, острите рабови и отскокнувањето
можат да го заглават вртливиот додаток и да
предизвикаат губење контрола или повратен
удар.
5.
Не ставајте сечила за дрворез или назабени
сечила.
Таквите сечила често предизвикуваат
повратни удари и губење контрола.
Безбедносни предупредувања специфични за
брусење и абразивно сечење:
1.
Користете само типови тркала што
се препорачани за вашиот алат и
специфичниот штитник конструиран за
избраното тркало.
Тркала за кои алатот не е
конструиран не може да се заштитат соодветно
и се небезбедни.
2.
Површината што се бруси на тркалата
со вдлабнато средиште мора да биде
монтирана под рамнината на штитникот.
Неправилно монтираното тркало што
поминува низ рамнината на штитникот не може
адекватно да се заштити.
3.
Штитникот мора да биде цврсто прикачен
на електричниот алат и поставен за
максимална безбедност, така што
најмал дел на тркалото да е изложен кон
операторот.
Штитникот помага да се заштити
операторот од парчиња скршено тркало,
случаен контакт со тркалото и искри што може
да ја запалат облеката.
4.
Тркалата смеат да се користат само за
препорачаните намени. На пример: не
брусете со страната на тркалото за сечење.
Тркалата за абразивно сечење се наменети
за периферно брусење, па страничните сили
што влијаат на таквите тркала можат да ги
распрскаат.
5.
Секогаш користете неоштетени фланши
за тркалото што се со правилни големина
и облик за избраното тркало.
Соодветните
фланши за тркало го држат тркалото и со
тоа ја намалуваат можноста тоа да се скрши.
Фланшите за тркалата за сечење може да се
различни од фланшите за брусните плочи.
6.
Не користете изабени тркала од поголеми
електрични алати.
Тркалата наменети за
поголеми алати не се погодни за поголемите
брзини на помалите алати и може да прснат.
Дополнителни безбедносни предупредувања за
абразивно сечење:
1.
Не заглавувајте го тркалото за сечење и не
притискајте прекумерно. Не обидувајте се
да сечете предлабоко.
Пренапрегнувањето
на тркалото го зголемува оптоварувањето
и можноста за извиткување или лепење на
тркалото во засекот, а со тоа и можноста за
повратен удар или кршење на тркалото.
2.
Не поставувајте го телото во линија со
вртливото тркало или зад него.
Кога
тркалото, на точката на работа, се движи
подалеку од вашето тело, можниот повратен
удар може да ги фрли завртеното тркало и
алатот право на вас.
3.
Кога тркалото се лепи или кога сечењето
се прекинува поради нешто, исклучете
го алатот и држете го неподвижен додека
тркалото не сопре целосно. Не обидувајте
се да го извадите тркалото за сечење од
резот додека тркалото се движи, инаку
може да дојде до повратен удар.
Испитајте
и преземете мерки за отстранување на
причините за лепење на тркалото.
4.
Не почнувајте со сечењето повторно
додека тркалото е во работниот материјал.
Оставете тркалото да достигне максимална
брзина и внимателно влезете повторно
во резот.
Тркалото може да се залепи, да
осцилира или да дојде до повратен удар ако
електричниот алат се активира повторно во
материјалот.
Summary of Contents for 9558HNR
Page 2: ...1 Fig 1 1 Fig 2 Fig 3 1 2 3 Fig 4 1 2 4 3 Fig 5 2 1 Fig 6 1 2 3 4 Fig 7 1 2 3 Fig 8 2 ...
Page 3: ...Fig 9 1 2 3 4 Fig 10 1 1 4 4 2 3 Fig 11 1 1 4 4 2 3 Fig 12 1 Fig 13 1 Fig 14 1 2 Fig 15 3 ...
Page 4: ...2 5 2 2 11 12 4 3 5 6 7 8 9 10 1 13 3 14 5 3 Fig 16 4 ...
Page 82: ...82 ...
Page 83: ...83 ...