49
МАКЕДОНСКИ
3.
Ако оперативното времето станало
прекумерно кратко, престанете веднаш со
работа. Тоа може да резултира со ризик од
прегревање, можни изгореници, па дури и
експлозија.
4.
Ако електролит навлезе во вашите очи,
измијте ги со чиста вода и побарајте
медицинска нега веднаш. Тоа може да
резултира со губење на вашиот вид.
5.
Не предизвикувајте спој на касетата за
батеријата.
(1)
Не допирајте ги контактите со никаков
проводлив материјал.
(2)
Избегнувајте да ја чувате касетата
за батерија во сад со други метални
предмети како што се шајки, монети и
сл.
(3)
На изложувајте ја касетата за
батеријата на вода или дожд.
Краткиот спој на батеријата може да
предизвика голем проток на електрична
енергија, прегревање, можни изгореници, па
дури и пад на напојувањето.
6.
Не складирајте ги алатот и касетата за
батеријата на места каде што температурата
може да достигне или надминува 50°C.
7.
Не палете ја касетата за батеријата дури
и кога е многу оштетена или целосно
потрошена. Касетата за батеријата може да
експлодира ако се стави во оган.
8.
Внимавајте да не ја испуштите или удрите
батеријата.
9.
Не користете оштетена батерија.
10.
Содржаните батерии со литиумови јони
се подложни на условите во Правилата за
опасни предмети.
За комерцијален транспорт на пр. од трети
лица и посредници, мора да се следат
посебните услови на пакувањата или ознаките.
При подготовка на предметот кој треба да се
испрати, консултирајте се со експерт за опасни
материјали. Исто така, следете ги потенцијално
подеталните национални правила.
Залепете ги со леплива лента или маскирајте
ги отворените контакти, а батеријата спакувајте
ја, така што нема да се движи слободно во
пакувањето.
11.
Кога ја фрлате во отпад касетата за
батеријата, извадете ја од алатот и
фрлете ја на безбедно место. Почитувајте
ги локалните законски прописи што
се однесуваат на фрлање во отпад на
батеријата.
12.
Користете ги батериите само со
производите назначени од Makita.
Монтирањето батерии на неусогласените
производи може да резултира со пожар,
прекумерна топлина, експлозија или
истекување на електролитот.
13.
Доколку алатот не се користи подолг
временски период, батеријата мора да се
извади од алатот.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ВНИМАНИЕ:
Користете само оригинални
батерии на Makita.
Користењето неоригинални
батерии на Makita или батерии што се изменети
може да резултира со распукување на батеријата,
предизвикувајќи пожар, телесна повреда и
оштетување. Тоа исто така ќе ја поништи
гаранцијата на Makita за алатот и полначот на
Makita.
Совети за одржување максимален
работен век на батеријата
1.
Заменете ја касетата за батеријата пред
целосно да се испразни. Секогаш запирајте
ја работата со алатот и заменете ја касетата
за батеријата кога ќе забележите дека
алатот дава помала моќност.
2.
Никогаш немојте да полните целосно полна
касета за батерија. Прекумерното полнење
го скратува работниот век на батеријата.
3.
Полнете ја касетата за батеријата на собна
температура од 10°C - 40°C. Дозволете
загреаната касета за батерија да се олади
пред да ја ставите на полнење.
4.
Полнете ја касетата за батеријата доколку не
ја користите подолго време (повеќе од шест
месеци).
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред да извршите каква било
работа на машината, секогаш проверувајте
дали таа е исклучена и дали касетата за
батеријата е извадена.
Склопување за дување
Монтирање или вадење на
млазницата
Изборен додаток за DUB186
Порамнете ги испакнатите делови на млазницата
со жлебовите на главниот уред, па вметнете ја
млазницата во главниот уред, а потоа свртете ја за
да се заклучи во место.
►
Сл.1:
1.
Млазница
За да ја извадите млазницата, следете ја постапката
за монтирање по обратен редослед.
Монтирање или вадење на
градинарската млазница
Изборен додаток за DUB185
Порамнете ги испакнатите делови на градинарската
млазница со жлебовите на главниот уред, па
вметнете ја млазницата во главниот уред, а потоа
свртете ја за да се заклучи во место.
►
Сл.2:
1.
Градинарска млазница
За да ја извадите градинарската млазница, следете
ја постапката за монтирање по обратен редослед.