4. Вклучување на производот
4.1 Пред вклучувањето
Не ја ставајте пумпата во погон пред системот да се наполни со
течност и да се проветри. Погрижете се на доводот на пумпата
да биде достапен потребниот доводен притисок. Погледнете го
делот Технички податоци. Кога ја користите пумпата за прв пат,
мора да се испушти воздухот од системот. Погледнете го делот
Испуштање на воздухот од пумпата. Пумпата самостално се
вентилира преку системот.
Поврзани информации
4.3 Испуштање на воздухот од пумпата
4.2 Вклучување на пумпата
Чеко
р
Дејство
Илустрација
1
Отворете ги
доводните и
одводните вентили
TM068554
2
Вклучете го
напојувањето со
ел. енергија.
0/Off
1/On
TM068555
3
Ламбичките во
работната табла
покажуваат дека
напојувањето е
вклучено и дека
пумпата работи.
TM068556
4.3 Испуштање на воздухот од пумпата
M
TM070153
Испуштање на воздухот од пумпата
Поз.
Опис
M
Минимум 30 мин.
Малите воздушни џебови што се „заробени“ во внатрешноста
на пумпата може да предизвикаат бучава при вклучувањето на
пумпата. Meѓутоа, бидејќи пумпата го испушта воздухот сама
преку системот, бучавата се намалува со текот на времето.
За забрзување на процесот на испуштање на воздухот,
постапете на следниов начин:
1. Поставете ја пумпата на брзина III користејќи го копчето на
работната табла.
2. Оставете ја пумпата да работи минимум 30 минути. Колку
брзо ќе се испушти воздухот од пумпата зависи од
големината на системот и дизајнот.
Кога ќе завршите со испуштање на воздухот од пумпата,
односно кога бучавата ќе престане, поставете ја пумпата
според препораките. Погледнете го делот Контролни режими.
Пумпата не смее да работи насуво.
Пумпата е фабрички поставена на режим на греење со
радијатор.
Поврзани информации
5. Претставување на производот
5.1 Опис на производот
ALPHA1 L може да се користи како самостојна или интегрирана
циркулаторна пумпа во постојните системи како замена или во
нови системи со променлива или постојана брзина на проток.
Пумпата автоматски го контролира диференцијалниот притисок
со прилагодување на перформансите на пумпата на реалното
барање за греење без употреба на надворешни компоненти, со
што се избегнуваат:
•
премногу голема потрошувачка на енергија
•
неправилна контрола на системот
•
бучава во термостатските вентили и слични додатоци.
Брзината може да се контролира со нисконапонски PWM
(модулација на ширина на пулсот) сигнал.
592
Macedonian (MK)