![Gorenje DL 611 SR Instructions For Mounting And Use Download Page 11](http://html1.mh-extra.com/html/gorenje/dl-611-sr/dl-611-sr_instructions-for-mounting-and-use_2246104011.webp)
MK
Опис на аспиратор – слика 1
1) Прекидач за сијалица
2) Прекидач за брзина на моторот
3) Осветлување на работната површина
4) Метален филтер за мрснотии
5) Носач на филтерот за мрснотии
Ако сакате да го извадите филтерот за
мрснотии – слика 2
Рачката повлечете ја надолу и извлечете го
металниот филтер за мрснотии.
Ако сакате да го извадите носачот на филтерот за
мрснотии
Стиснете ги двете копчиња B (слика 3) и извлечете
го носачот
Употреба
Аспираторот нуди две можности на употреба:
-
Модел со одвод на воздух
-
Филтерски модел
Функционирање кај одводниот модел
Вшмукнатиот воздух се одведува од простор низ
цевка која што со помош на прирабница D ќе ја
приклучите кон одводниот отвор (слика 4)
Функционирање кај филтерскиот
модел
- Воздух се пречистува преку филтер со активен
ќумур а потоа се враќа во просторот.
- Употреба на активен филтер е потребна тогаш, кога
нема на располагање цевка за одвод на воздух
или ако таа не може да се намести.
- Филтрираниот воздух се испушта преку цевката
што го попречува самиот елемент.
Кај таквиот начин на функционирање
внимавајте на следните упатства:
а) Кај лиферантот порачајте филтер со активен ќумур
и при тоа прецизно кажете за кој модел на
аспиратор се работи.
б) Извадете го филтерот за мрснотии (слика 2).
ц) Извадете ја рамката со стискање на копчиња B
(слика 3).
Внимание! Некои филтери на ќумур оригинално
се спакувани во пластична фолија (поради
заштита на нивната способност за филтрирање);
во тој случај фолијата треба да да ја извадите
пред да го наместите филтерот.
д) Ставете филтер (секој на своја страна, слика 5),
повлечете ја рачката во насока на стрелките од
часовникот се додека не застане.
е) Повторно ставете ја рамката и металниот филтер
за мрснотии, но во спротивен редослед.
Монтажа
Аспираторот мора да биде оддалечен од површината
за готвење најмалку 65 см кај шпорети на струја
односно најмалку 75 см кај плинските или
комбинирани решоа.
Внимание!
Вшмукнатиот воздух не смее да биде насочен во
цевката за одвод на чад и пареа на справата која
што се полни од извор на енергија кој не е
електричен!
Кога аспираторот се употребува наеднаш со други
справи кои се полнат од други извори на енергија,
тогаш мора да биде загарантирано соодветно
ветреење на просторот.
Строго е забрането испод аспираторот да се спремаат
јадења на отворен оган. Употреба на отворен оган
им штети на филтерите и може да предизвика пожар
па затоа мораме на секој начин да ја избегнуваме.
Пржење мора цело време да го надгледате и да
внимавате загреаниот зејтин да не букне.
Прецизно придржувајте се до техничките и
безбедностните правила на надлежните органи во
врска со истечување на чадот.
Не преземаме никаква одговорност за евентуални
тешкотии, штети или пожари врз справата до кои би
дошло поради непридржување до упатсвата.
Упатства за монтажа и употреба на
аспираторот
- На хоризонталните делови цевката мора да има
благ наклон нагоре (приближно 10 %) поради
поефикасен одвод на воздухот од просторијата.
- Справата е најефикасна кај модели со одвод на
воздух од просторот (одводен модел), затоа ви
советуваме, да ги употебувате овие модели.
- Ефикасноста на аспираторот е најголема кај куси
цевки (макс. 4 м) со малку кривини.
Спојување со струја:
Напонот на струја треба да биде соодветен со
напонот што е назначен врз етикетата со техничките
податоци, која што е наместена на внатрешната
страна од аспираторот.
Справа со приклучок за струја
Ставете го во штекер кој одговара на прописи за
безбедност. Но, ако справата сакате да ја вклопите
непосредно во електричната мрежа, извадете го
приклучокот за струја и наместете го двополниот
прекидач кој одговара на прописи и има контакти
оддалечени најмалку 3мм.
Ако е штекерот, на кој сте го наместиле аспираторот,
на недостапно место морате сеедно да наместите
двополен прекидач кој има контакти оддалечени
најмалку 3 мм.
Справа без приклучок за струја
Наместете го приклучокот за струја или двополниот
прекидач кој одговара на прописи и кој има контакти
оддалечени најмалку 3 мм.
Не преземаме никаква одговорност за евентуални
тешкотии како последица на непридржување кон
горните упатства.
Summary of Contents for DL 611 SR
Page 2: ...Fig 1 1 2 5 3 3 4 Fig 2 B Fig 3 B B Fig 4 D Fig 6 F F F F F F F F 1 2 3 4 5 6 7 8 Fig 5...
Page 11: ...MK 1 1 2 3 4 5 2 B 3 D 4 2 B 3 5 65 75 10 4 3 3 3...
Page 12: ...MK 6 2 5 15 60 4 5 40 W 14...
Page 13: ...YU 1 1 2 3 4 5 2 B 3 D 4 2 B 3 5 65 cm 75 cm 10 4 3 mm 3 mm 3 mm...
Page 14: ...YU 6 F 6 2 15 60 C 4 5 40 W 14...
Page 15: ...RU 1 1 2 3 4 5 2 3 4 2 3 5 65 75 10 4 3 3 3 6...
Page 16: ...RU F 6 5 15 60 4 5 40W 14...