81
3. Безбедност на лица
a. Бидете внимателни, внимавајте како постапувате и свесно пристапете ѝ на
работата со електричната алатка. Не користете го уредот кога сте уморни или пак
под влијание на дроги, алкохол или лекарства. Само еден момент на невнимание
при користењето на уредот може да доведе до сериозни повреди
b. Секогаш носете опрема за лична заштита и заштитни очила. Носењето
опрема за лична заштита, како маска против прашина, чевли кои не се лизгаат,
заштитен шлем или заштита за уши, во зависност од видот и намената на
електричната алатка, го намалува ризикот од повреди.
c. Избегнувајте непланирано користење. Уверете се дека електричната
алатка е исклучена пред да ја приклучите на напојувањето со електрична
енергија/на акумулаторската батерија или пред да ја подигнете или носите.
Ако при носењето на уредот прстот ви стои на прекинувачот или ако претходно
вклучениот уред го приклучите на напојувањето со електрична енергија, може
да настане несреќа.
d. Пред да го вклучите уредот, отстранете ги сите алатки за приспособување
или клучевите за зашрафување. Алатка или клуч кој се наоѓа на дел од
ротирачкиот уред може да доведе до несреќа.
e. Избегнувајте неприродно држење на телото. Застанете во сигурна позиција
и држете рамнотежа. На тој начин можете подобро да ја контролирате
електричнатаалатка во непредвидливи ситуации.
f. Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Косата,
облеката и ракавиците држете ги понастрана од подвижните делови.
Широката облека, накитот и долгата коса може да бидат зафатени од подвижните
делови.
g. Кога се монтира уредот за смукање прашина и корпата, внимавајтеда
бидат прицврстени и правилно да се користат. Користењето на овие уреди ги
намалува опасностите од прашина.
h. Рачките да бидат суви, чисти и незагадени со масло и маснотии. Замастените,
мрсните држачи се лизгави и доведуваат до губење контрола.
i. Нозете и рацете држете ги понастрана од уредот за сечење, а пред сè кога
го вклучувате моторот.
j. Внимание! Елементите за сечење ротираат и по исклучувањето на моторот.
k. Овој уред не е наменет за користење од страна на лица (вклучувајќи деца) со
ограничени физички, моторни и психички способности или недоволно искуство
и/или недостаток на познавање, во спротивно треба да бидат надгледувани од
лице поради нивна безбедност или пак да добијат упатства од тоа лице како се
користи уредот.
4. Употреба и управување со електричната алатка
a. Не преоптоварувајте го уредот. За вашата работа користете ја електричната
алатка со соодветна намена. Со соодветната електрична алатка ќе работите
подобро и посигурно во дадената работна област.
1188986 BDA GB 85 KSG.indd 81
24.09.13 10:44