![Gardens Best GB 85 KSG User Instructions Download Page 81](http://html.mh-extra.com/html/gardens-best/gb-85-ksg/gb-85-ksg_user-instructions_563448081.webp)
80
Општи безбедносни упатства
Внимание! Прочитајте ги следниве упатства. Непочитувањето на подолу наведените
упатства може да предизвика електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Подолу
употребениот поим „електрична алатка“ се однесува на електрични алатки со
погон на електрична струја (со електричен кабел) и на електрични алатки со погон
на акумулаторска батерија (без електричен кабелl).
Чувајте ги добро овие упатства!
1. Работно место
a. Работната просторија да биде чиста и добро осветлена. Нередот и
неосветлената работна просторија може да доведат до повреди.
b. Не користете го уредот во околина во која постои опасност од експлозија,
односно во која што се наоѓаат запаливи течности, гасови или честички. Од
електричните алатки излегуваат искри што може да ги запалат честичките или
пареата.
c. Децата и другите лица да стојат настрана додека се користи уредот. Ако ви
го одвлечат вниманието, може да изгубите контрола врз уредот.
2. Електрична безбедност
a. Приклучокот на уредот мора да биде соодветен за дозната. Приклучокот не
смее да се промени на ниту еден начин. Не користете приклучок со адаптер
заедно со заземјени уреди. Непроменетиот приклучок и соодветните дозни го
намалуваат ризикот од електричен удар.
b. Избегнувајте контакт со заземјени површини, како цевки, парно,
електричен шпорет и фрижидер. Постои поголем ризик од електричен удар
ако вашето тело е заземјено.
c. Држете го уредот настрана од дожд или влага. Навлегувањето на вода во
електричниот уред го зголемува ризикот од елкетричен удар.
d. Не менувајте ја намената на кабелот за да го носите уредот, да го закачите
или за да го извлечете приклучокот од дозната. Кабелот држете го настрана
од топлина, масло, остри рабови или од подвижните делови на уредот.
Оштетениот или замрсениот кабел го зголемува ризикот од електричен удар.
e. Кога со електричниот уред работите на отворено, користете продолжен
кабел кој што е исто така наменет за надворешна употреба. Користењето на
продолжен кабел за надворешна употреба го намалува ризикот од електричен
уред.
f. Ако не може да се избегне користење на уредот во влажна средина, користете
заштитен уред за диференцијална струја. Употребата на заштитен уред за
диференцијална струја го намалува ризикот од електричен удар.
1188986 BDA GB 85 KSG.indd 80
24.09.13 10:44