MK
48
никогаш не треба да се наострени „сино”.
Грижете се да не го изгубите држењето на
работното парче, кое одеднаш може да се
заглави помеѓу држачот на алат и брусниот
камен. Ова може да предизвика кршење
на дискот, застој на моторот или летање на
работното парче, што може да предизвика
повреди и оштетувања.
Секогаш кога машината е во употреба 30
min, таа треба да се исклучи. Овозможете
машината да се излади до собна температура.
• Вклучете ја машината
• Проверете го прекинувачот дали е во
„OFF/0" положба, пред вклучување на
кабелот во струја.
• Притиснете го прекинувачот во „ON/1"
положба за да ја стартувате брусалката.
• Држете го кабелот подалеку од подвижните
делови на алатот.
5. Одржување
Уверете се дека машината е
исклучена кога го одржувате
моторот.
Оваа машина е конструирана да работи
долг период со минимално одржување.
Непрекинатото успешно работење зависи од
грижата на машината и редовното чистење.
Дефектажа
Ако машината не функционира правилно,
можните причини и соодветните решенија се
дадени подолу:
1. Електромоторот станува жежок
• Моторот бил преоптоварен.
• Дајте му шанса на моторот да се
излади.
• Моторот е дефектен.
• Контактирајте го сервисот на
дадената адреса во гарантната
картичка.
2. Машина е вклучена но не се стартува
• Прекинато главно напојување
• Проверете го главниот приклучок да
не е скршен.
• Може да е оштетен прекинувачот.
• Контактирајте го сервисот на
дадената адреса во гарантната
картичка.
Поправките и сервисирањето
треба да ги изведува само
квалификувано лице или сервис.
Чистење
Редовно чистете го куќиштето со мекана крпа,
по можност после секое користење. Чувајте ги
отворите за вентилација чисти, без прашина.
Отстранете ја тврдокорната нечистотија
со мекана крпа, натопена во сапуница. Не
користете растворувачи како што е бензен,
алкохол, амонијак итн. кои можат да ги оштетат
пластичните делови.
Подмачкување
Уредот не треба дополнително да се
подмачкува.
Дефекти
Ако дефект настанува поради абење на дел,
обратете се во сервисен центар од гарантната
картичка. На крајот од овие упатства даден е
експозинионен преглед на делови кои можат
да се нарачат.
Животна средина
За да се спречи оштетување за време на
транспортот, уредот се испорачува во тврдо
пакување кое се состои од материјал за
еднократна употреба. Затоа ве молиме да
ги користите опциите за рециклирање на
амбалажата.
Оштетени и/или искористени
електрични и електронски уреди
мора да се депонираат во станици
за рециклирање.
Само за земји од ЕУ
Не ги депонирајте алатите во домашен отпад.
Според Европското Упатство 2012/19/ EU за
отпадна електрична и електронска опрема и
неговата имплементација во националното
право, електричните алати кои веќе не се
употребливи мораат да се собираат одделно и
да се отстрануваат на еколошки начин.
Гаранција
Прочитајте ги гарантните услови во
приложената гарантна картичка.
Производот и упатството се предмет на
промена. Карактеристиките можат да се
променат без натамошно известување.