MK
46
2. 2. Безбедносни упатства
Објаснување на симболите.
Означува ризик од повреда, губење
на живот или оштетување на
алатот во случај на непочитување
на упатствата.
Укажува на присуство на
електричен напон.
Присутните лица да стојат
подалеку.
Носете заштита за очите и за
слухот.
Посебни безбедносни упатства
Кога првпат ја користите машината:
• Проверете го следното:
• Дали предвидениот напон за
брусалката одговара на напонот на
напојната мрежа?
• Дали на располагање има заземјена
приклучница?
• Дали се исправни кабелот и
приклучокот (цели, без абење или
други оштетувања)?
• Избегнувајте користење на долги продолжни
кабли. Продолжните кабли секогаш да бидат
заземјени.
• Брусниот камен е кршлив. Каменот не е
отпорен на удари.
• Секогаш брусете со челната, никогаш со
бочната површина од брусниот диск. Никогаш
не монтирајте напукнат брусен диск. Веднаш
заменете го, бидејќи високата ротација може
да предизвика летање на парчиња,
предизвикувајќи сериозна несреќа.
• Секогаш носете заштитни очила кога брусите.
• Никогаш не брусите без поставен капак врз
брусниот диск.
• Цврсто монтирајте го браникот на дискот и
потпирачот за алат, со точен зјај.
• Не дозволете зјај поголем од 1-1.5 mm помеѓу
држачот за алат и брусниот диск.
• Користете брусен диск кој е предвиден за
работата која ја изведувате (на пример за
острење на алати), а НЕ за груби работи.
• Следниве информации мора да бидат на
располагање, пред да монтирате нов брусен
диск:
• Податоци за производителот.
• Врзивен материјал.
• Димензии.
• Дозволен број на врежи.
• Никогаш не го проширувајте насадниот
отвор на дискот на поголем пречник.
• Максималниот број на вртежи никогаш не
смее да го надмине дозволениот број на
вртежи на дискот.
• Никогаш не користете оштетен или
деформиран брусен диск.
• За безбедно брусење, машината мора да
биде цврсто поставена врз работна маса.
• Потпирачот за алат треба да се замени ако
ширината му е помала помал од 20 mm.
• Препорачана длабочина на процепот на
прирабницата (Т) е 2 mm и дијаметарот на
насадниот отвор е 13 mm (види сл .D).
Секогаш кога ја користите машината
• Проверете го прекинувачот да не е во
„ON/1" положба, пред вклучување на
кабелот во струја.
• Држете го кабелот подалеку од
подвижните делови на алатот.
Веднаш исклучете ја машината ако:
• Приклучокот или кабелот е неисправен или
оштетен.
• Прекинувачот е неисправен.
• Мириса на чад или горење на изолација
Електрична безбедност
При користење на електрични машини
почитувајте ги безбедносните правила во
вашата земја, за да го намалите ризикот од
пожар, струен удар и повреди. Прочитајте ги
следните безбедносни упатства и приложените
безбедносни упатства.
Секогаш проверувајте дали напонот
на напојувањето одговара на
наведениот напон на плочката.
Замена на кабли или приклучници
Веднаш да ги фрлите старите кабли или
приклучници, кога ќе ги замените со нови.
Опасно е да ја вклучите приклучницата ако
кабелот е лабав.