MK
47
Користете продолжни кабли
Користете само одобрени продолжни кабли
погодни за влезната моќност на машината.
Најмал попречен пресек е 1,5 mm2. Кога се
користи кабел во ролна, секогаш целосно да го
одмотате.
3. Поставување
Брусилката мора да биде цврсто зашрафена
врз работна маса. Должината на завртките
зависи од дебелината на работната маса. Ако
работната маса е од челик, препорачливо е
да се користи дрвен блок или штица помеѓу
брусилката и масата, поради изолација и да се
спречат вибрации.
Монтажа и дотерување на држачот за
штитник за очи и штитникот
Сл. B
Држачот за штитник за очи и
штитникот се монтираат/
дотеруваат кога дискот не врти и
кога е машината исклучена од
напојување.
• Прицврстете го држач за штитник (4) со
поставен штитиник, врз капакот на дискот,
со доставената завртка (A).
• Поставете го држачот на точна висина.
Зјајот (B) помеѓу дискот и држачот на
штитникот треба да изнесува од 1 до 1,5
mm.
• Потоа стегнете ја цврсто завртката (А).
• Поставете го штитникот така да
овозможува максимална заштита при
работа.
• Секогаш носете заштитни очила.
Поставување и дотерување на потпирачот
за алат
Потпирачот за алат треба да се
дотерува кога дискот е во потполно
мирување, а машината е исклучена
од струја.
•
• Поставете го потпирачот според сл. C.
• Стегнете го цврсто во неговата положба, со
максимално растојание (C) од 1 до 1,5 mm
од дискот.
Замена на брусен диск
Сл. C
Потребен алат:
• 19 mm клуч
• 8 mm клуч
• Одвртувач
Дискот се менува само кога
моторот е во мирување и струјата
е целосно исклучена.
• Отстранете го браникот на дискот со
помош на претходно наведениот клуч.
Навртката од вретеното од десната страна
има десен навој. Навртката од вретеното
од левата страна има лев навој. Кога ги
менувате дисковита имајте го на ум
следното.
• Одвртувајте ја навртката со соодветен
клуч. Отстранете го стариот диск од
вретеното.
• Исчистете ги прирабниците. Поставете ја
едната прирабница (А) зад вретеното, со
шупливата страна свртена кон дискот.
Натакнете го новиот диск врз вретеното.
Поставете ја втората прирабница (А) врз
вретеното, повторно со шупливата страна
свртена кон дискот. Стегнете ја навртката
на вретеното. Не престегнувајте! Вратете
го капакот на дискот и дотерајте го
потпирачот за алат. Стартувајте го
накратко моторот, без брусење.
4. Ракување
Избор на брусен диск
Грубите дискови генерално отстрануваат
повеќе материјал, а фините дискови
се користат за завршна обработка. Ако
површината е нерамна, започнете со груб
диск и брусете додека работното парче не
се измазни. Потоа употребете фин диск за
отстранување на жлебови и гребнатини
останати од грубиот диск и завршете го
работното парче.
Како се бруси
За да се избегне затнување на дискот,
одбегнувајте да брусите дрво, олово или било
кој друг мекан материјал или метал.
Да се избегне создавање на бразди, не
го притискајте работното парче премногу
врз дискот. Користете вода за ладење на
работното парче. Длета за дрво и слично