МК - 18
Програмата за сушење памучна облека подготвена за во плакар
е стандардната програма за сушење, којашто можете да ја
вклучувате со целосно или половично полнење и за којашто
можете да добиете информации од етикетата и при примањето
на производот. Оваа програма е енергетски најефикасна
програма за сушење нормално мокра памучна облека.
*Стандард за енергетска ознака за програми (EN 61121:2013)
Сите вредности во табелата се утврдени согласно стандардот EN 61121:2013.
Вредностите на потрошувачката може да варираат од тие дадени во табелата во
зависност од типот ткаенина, брзината на вртење, условите во средината и напонот.
5.2.1. Помошни функции
Табелата во којашто се сумираат опциите што може да се изберат во програмите, е
дадена долу.
Опција
Опис
Анти-туткање
Доколку ја изберете опцијата „Анти-туткање“ и не ја отворите вратата на
машината по завршувањето на програмата, фазата за анти-туткање од 1
час ќе се продолжи со времетраење од 2 часа. По избирањето на опцијата
за анти-туткање, ќе чуете звучно предупредување. Со повторно притискање
на копчето, можете да ја откажете опцијата. Доколку ја отворите вратата или
притиснете Старт/Пауза додека е во прогрес анти-туткањето, програмата ќе
биде откажана.
Ниво на сушење
Нивото на влажност што се добива по сушењето, може да се менува за 3
нивоа. На овој начин може да се избере нивото на посакуваната сувост.
Нивоата може да се изберат и на друг начин освен стандардниот: 1, 2, 3. По
избирањето, ќе се вклучи LED светилката на избраното ниво.
Одложено вклучување
Можете да го одложите времето за почеток на програмата со избирање на
опцијата од 1 час до 23 часа. Можете да го активирате саканото време на
одложување со притискање на копчето започнете/ пауза. Кога времето ќе
заврши, избраната програма ќе започне автоматски. За време на одложеното
време, опции кои се компатибилни со програмата може да се активираат
/ деактивираат. Долго притискање на копчето Одложен старт постојано се
менува времето за одложување.
Откажување на алармот
Машината за сушење испушта звучно предупредување кога ќе го свртите
копчето за избор на програма, кога ќе ги притиснете копчињата и по крајот
на програма. За да ги откажете овие предупредувања, притиснете и држете
3 секунди на копчето за сушење на деликатна облека. Ако го притиснете
копчето, ќе слушнете звучно предупредување дека опцијата е откажана.
Блокатор за деца
Постои опција за заклучување на копчињата од деца со цел избегнување на
несакани промени поради притискање на копчињата за програма. За да ја
активирате опцијата за блокада за деца, треба да притиснете на копчињата
„Drying Level“ и „Anticrease“ истовремено и да задржите 3 секунди. Кога
ќе се активира блокадата за деца, сите копчиња ќе бидат деактивирани.
Блокадата за деца не се деактивира автоматски на крајот на програмата. За
да ја деактивирате блокадата за деца на крајот на програмата, поставете го
копчето за бирање програма во позиција „Off“. Потоа, поставете го копчето за
бирање програма во првата позиција. Блокадата за деца е сè уште активна.
За да ја деактивирате блокадата за деца, притиснете на копчињата „Drying
Level“ и „Anticrease“ истовремено и задржете 3 секунди. При активирање/
деактивирање на блокадата за деца, на дисплејот ќе се прикаже „CL“ во
траење од 2 секунди и потоа ќе исчезне; и ќе се слушне звучен сигнал.
Предупредување: Кога производот работи или кога е активна блокадата за
деца, со вртење на копчето за бирање програма ќе слушнете звучен сигнал и
ќе се прикаже „CL“ на дисплејот во траење од 2 секунди и потоа ќе исчезне.
Ако го вртите копчето за бирање програма, ќе слушнете звучен сигнал. Дури
и ако го поставите копчето за програма на друга програма, претходната
програма ќе продолжи да работи. За да изберете нова програма, треба да ја
деактивирате блокадата за деца и потоа да го поставите копчето за избор на
програма.
Summary of Contents for L-71 C
Page 1: ...Tumble Dryer User Manual EN L 71 C ...
Page 32: ...52379970 210817 00 ...
Page 33: ...Машина за сушење алишта Упатство за употреба МК L 71 C ...
Page 69: ...52379981 210817 00 ...
Page 70: ...Tharëse Manuali i Përdorimit SQ L 71 C ...
Page 103: ...52379982 210817 00 ...
Page 104: ...Mašina za sušenje veša Uputstvo za upotrebu SR L 71 C ...
Page 139: ...52379984 210817 00 ...