МК - 11
2. ПОСТАВУВАЊЕ
• Пред да стапите во контакт со
овластениот сервисер во врска со
поставувањето на машината за
сушење, проверете ги информациите
во прирачникот за корисници за
да се осигурите дека таа одговара
на електричната и водоводната
инсталација. Ако не одговара,
повикајте квалификуван електричар
или водоводџија за да се направат
соодветни измени.
• Корисникот е одговорен за
подготовката на местото на
поставување на машината за
сушење, како и за подготовката
на електричната инсталација
и на одводот за отпадна вода.
Пред поставувањето, проверете
дали машината за сушење има
оштетувања. Ако е оштетена,
не поставувајте ја. Оштетените
производи може да го загрозат
вашето здравје.
• Поставете ја машината за сушење на
стабилна и рамна површина.
• Машината за сушење треба да
работи во средина каде што
нема прав и каде што има добро
проветрување.
• Просторот меѓу машината за сушење
и подот
не смее
да се затвора со
предмети како теписи, дрва или
самолеплива лента.
•
Не блокирајте ги отворите за
проветрување
што се наоѓаат на
подножјето од машината за сушење.
• Машината не смее да се монтира
зад врата која се заклучува, лизгачка
врата или отспротива врата со
шарки за да не се попречи целосното
отворање на нејзината вратичка.
• Поврзаните црева на поставената
машина за сушење, треба да
се стабилно поставени. Кога ја
поставувате машината за сушење,
гледајте задната површина да не
е потпрена врз нешто (пр. чешма,
штекер).
• Работната температура на машината
за сушење е +5°C до +35°C. Ако
работи на пониска или повисока
температура од тоа, ќе има
негативни последици по работата и
таа може да се оштети.
• Внимавајте кога го пренесувате
производот бидејќи е тежок. Секогаш
носете заштитни ракавици.
• Секогаш поставувајте го производот
покрај ѕид.
• Задната површина на производот
треба да биде поставена покрај ѕид.
• Ако го поставите производот на
стабилна површина, користете
васервага за да проверите дали е
изнивелиран. Ако не е, приспособете
ги ногарките додека не дојде на
рамно ниво. Правете го ова секогаш
кога го преместувате производот.
• Не дозволувајте машината за
сушење да го гази кабелот за струја.
Summary of Contents for L-71 C
Page 1: ...Tumble Dryer User Manual EN L 71 C ...
Page 32: ...52379970 210817 00 ...
Page 33: ...Машина за сушење алишта Упатство за употреба МК L 71 C ...
Page 69: ...52379981 210817 00 ...
Page 70: ...Tharëse Manuali i Përdorimit SQ L 71 C ...
Page 103: ...52379982 210817 00 ...
Page 104: ...Mašina za sušenje veša Uputstvo za upotrebu SR L 71 C ...
Page 139: ...52379984 210817 00 ...