Садовите за готвење се погодни за
индуктивната плоча за готвење ако:
• водата врие многу брзо на рингла
поставена на највисоката поставка за
јачина на топлината.
• магнет се привлекува на дното на
садот за готвење.
Димензии на садовите за готвење
• Индуктивните рингли автоматски се
прилагодуваат на димензиите на дното
на садот за готвење.
• Ефикасноста на ринглата е поврзана со
дијаметарот на садот за готвење.
Садот за готвење со дијаметар којшто
е помал од минималниот добива само
дел од енергијата којашто ја испушта
ринглата.
• Заради безбедносни причини и за
постигнување оптимални резултати од
готвењето, не користете садови за
готвење поголеми од наведеното во
„Спецификации на ринглите“.
Избегнувајте да ги држите садовите за
готвење во близина на контролната
плоча во текот на готвењето. Тоа може
да влијае на функционирањето на
контролната плоча или ненамерно да
ги вклучи функциите на површината за
готвење.
Видете во „Технички
податоци“.
8.2 Звуци во текот на работата
Ако слушате:
• звук на пукање: садот за готвење е
направен од различни материјали
(сендвич конструкција).
• звук на свиркање: ја користите
ринглата на голема јачина и садовите
за готвење се направени од различни
материјали (сендвич конструкција).
• ѕунење: користите високо енергетско
ниво.
• кликање: се појавува електрично
префрлување.
• пиштење, брмчење: вентилаторот
работи.
Звуците се нормални и не се знак за
неисправност.
8.3 Öko Timer (Еколошки тајмер)
За зачувување на енергија, грејачот за
ринглата се исклучува пред да се огласи
програматорот за одбројување. Разликата
во времето на работа зависи од нивото на
поставената топлина и должината на
готвењето.
8.4 Примери за апликации за
готвење
Односот меѓу поставката на
температурата и потрошувачката на
струја на ринглата не е линеарен. Кога ќе
ја зголемите температурата,
потрошувачката на струја на ринглата не
се зголемува пропорционално. Тоа значи
дека рингла поставена на средна
температура користи помалку од половина
од моќноста.
Податоците во табелата се
само насоки.
Поставки за
подгревање
Употребете за да:
Време
(min)
Совети
1
Чувајте ја зготвената храна топла.
како што
е
неопходн
о
Ставете капак на садот за готвење.
1 - 2
Hollandaise сос, топење: путер,
чоколадо, желатин.
5 - 25
Промешувајте одвреме-навреме.
1 - 2
Зацврснување: меки омлети, печени
јајца.
10 - 40
Готвење покриено со капак.
212
МАКЕДОНСКИ