Македонски |
163
Bosch Power Tools
1 609 92A 137 | (4.3.15)
Доколку претходно поставениот вртежен момент не се
постигне, LED-приказот
8
свети црвено и се слуша
акустичен сигнал. Зашрафувањето на спојниците мора да
се изведе уште еднаш.
Заштита од рестартирање
Доколку при зашрафувањето на спојниците се отпушти
исклучната спојка, моторот се исклучува. Повторното
вклучување е возможно дури по 0,7 секунди пауза.
Притоа се избегнува невнимателно зацврстување на веќе
фиксираните спојници.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него.
При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Подмачкување на електричниот апарат
Средство за подмачкување
Специјална маст за погони (225 мл)
Број на дел/артикл 3 605 430 009
Molykote маст
Моторно масло SAE 10/SAE 20
– По првите 150 работни часа, исчистете го куќиштето со
разреден раствор. Следете ги напомените
производителот на растворот за користење и фрлање.
На крај подмачкајте го куќиштето со специјална маст за
погони од Bosch. Повторете го процесот на чистење по
околу 300 работни часа од првото чистење.
– Намастете ги подвижните делови на исклучната спојка
по 100000 зашрафувања на спојници со неколку капки
моторно масло SAE 10/SAE 20. Подмачкајте ги
деловите што се лизгаат и вртат со Molykote маст.
Проверете дали е изабена спојката, за да се осигурате
дека нема да влијае на повторливоста и прецизноста.
На крај, мора одново да се постави вртежниот момент
на спојката.
Одржувањето и поправката треба да се изведува
само од страна на квалификуван стручен персонал.
Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на
електричниот апарат.
Овластената сервисна служба на Bosch овие работи ги
извршува брзо и доверливо.
Материјалот за подмачкување и чистење
отстранете го на еколошки прифатлив начин.
Внимавајте на законските прописи.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на уредот.
Robert Bosch GmbH гарантира за договорна испорака на
овој производ во рамките на законските одредби и
одредбите во зависност од земјата. При рекламации за
производот Ве молиме обратете се на следново место:
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: [email protected]
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на
Законот за опасни материјали. Батериите може да се
транспортираат само од страна на корисникот, без
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте
ја батеријата на тој начин што нема да се движи во
амбалажата.
Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни
национални прописи.
Отстранување
Електричните апарати, батериите, опремата и
амбалажите треба да се отстранат на еколошки
прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во
домашната канта за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според европската регулатива
2012/19/EU електричните апарати што се
вон употреба и дефектните или
искористените батерии според
регулативата 2006/66/EC мора одделно
да се соберат и да се рециклираат за
повторна употреба.
OBJ_BUCH-1781-003.book Page 163 Wednesday, March 4, 2015 10:40 AM