Македонски |
195
Bosch Power Tools
1 609 92A 138 | (24.2.15)
Не го користете електричниот апарат како дупчалка.
Електричните апарати со една исклучна спојка не се
погодни за дупчење. Спојката може автоматски и без
предупредување да се исклучи.
Не ја отворајте батеријата.
Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага.
Постои опасност од
експлозија.
Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар.
Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
производ од Bosch.
Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание.
Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност.
Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за зашрафување и
отшрафување на шрафови, мутери и други затворачи со
навој во дадените граници на димензии и моќност.
Не го користете електричниот апарат како дупчалка.
Светлото на овој електричен апарат е наменето да го
осветли директно полето на работа на електричниот
апарат и не е погодно за просторно осветлување во
домаќинството.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1
Алат за вметнување*
2
Прифат на алатот*
3
Аголна глава на одвртувачот*
4
Површина на клучот на прирабницата на аголната
глава*
5
Површина на клучот на преклопната навртка
6
Лизгач за избор на вртежен момент
7
LED-приказ на зашрафувањето на спојниците
8
Приказ за наполнетоста на батеријата
9
Батерија*
10
Прекинувач за вклучување/исклучување
11
Прекинувач за менување на правецот на вртење
12
LED-држач
13
Работно светло
14
Копче за отклучување на батеријата*
15
Обрач за закачување*
16
Отвори за прицврстување на држачот за закачување
17
Прстен за обележување
18
Прстен за задржување
19
Шуплина во телото на куќиштето
20
Вилушкаст клуч со ширина 27 мм*
21
Вилушкаст клуч со ширина 22 мм*
22
Контра навртка
23
Куќиште на моторот
24
Брзо променлива глава*
25
Алат за подесување
26
Инбус клуч*
27
Плочка за подесување
28
Рачка (изолирана површина на дршката)
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност
со EN 60745-2-2.
Нивото на звучниот притисок на уредот, оценето со A,
типично изнесува 70 dB(A). Несигурност K=3 dB.
Нивото на звучниот притисок при работењето може да
пречекори и 80 dB(A).
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a
h
(векторски збор на
трите насоки) и несигурност K дадени се во согласност со
EN 60745-2-2:
Зашрафување: a
h
<2,5 m/s
2
, K=1,5 m/s
2
.
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е
измерено со нормирана постапка според EN 60745 и
може да се користи за меѓусебна споредба на
електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на
електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се
користи за други примени, со различна опрема, алатот
што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се
одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова
може значително да го зголеми оптоварувањето со
вибрации во периодот на целокупното работење.
OBJ_BUCH-1521-005.book Page 195 Tuesday, February 24, 2015 2:30 PM