Македонски |
379
жолто
сигнално светло
(15)
: температурна разлика во граничниот опсег,
може да има топлински мостови во мерното поле; доколку е потребно,
повторете го мерењето подоцна.
црвено
сигнално светло
(15)
: ознаката означува, дека температурата на
површината во рамките на мерната површина значително отстапува од
околната температура. Во мерното поле има топлински мост, што укажува
на слаба изолација. Просторијата е премногу студена – ако се загрева
нормално, ниската температура укажува на целокупната слаба изолација.
Во случај на топлински мостови, доколку е потребно, проверете ја топлинската
изолација во оваа област, со помош на градежни експерти.
Режим на предупредување за мувла (види слика C)
Во режимот на предупредување за мувла се мерат
околната температура и релативната влажност на
воздухот (види „Релативна влажност на воздухот“,
Страница 382). Температурата на точката на росење се
пресметува од двете вредности (види „Температура на
точката на росење“, Страница 382). Се мери и
температурата на површината.
Температурата на точката на росење се споредува со
температурата на површината и резултатот се толкува во
однос на ризикот од мувла.
Релативната влажност на воздухот
(u)
, околната
температура
(s)
и пресметаната температура на точката
на росење
(q)
автоматски се одредуваат и прикажуваат.
Притиснете го копчето за мерење
(1)
и насочете го ласерскиот круг вертикално на
средината на мерниот објект. Мерната вредност на температурата на
површината
(h)
се прикажува во делот на екранот со бела позадина.
Мерниот уред автоматски ги споредува вредностите и го толкува резултатот на
следниов начин:
зелено
сигнално светло
(15)
: моменталните услови не покажуваат
опасност од создавање на мувла.
жолто
сигнално светло
(15)
: вредностите се наоѓаат на границите,
внимавајте на собната температура, топлинските мостови, како и
влажноста на воздухот и по потреба, повторете го мерењето подоцна.
Bosch Power Tools
1 609 92A 7M8 | (03.05.2022)