368
| Македонски
u
Доколку текстот на ознаката за предупредување за ласерот не е на Вашиот
јазик, врз него залепете ја налепницата на Вашиот јазик пред првата
употреба.
Не го насочувајте ласерскиот зрак кон лица или животни и
немојте и Вие самите да гледате во директниот или
рефлектирачкиот ласерски зрак.
Така може да ги заслепите
лицата, да предизвикате несреќи или да ги оштетите очите.
u
Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш треба да ги затворите и да
ја тргнете главата од ласерскиот зрак.
u
Не правете промени на ласерскиот уред.
u
Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како
заштитни очила.
Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање
на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење.
u
Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како
очила за сонце или пак во сообраќајот.
Ласерските очила не даваат целосна
UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои.
u
Мерниот уред смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен
персонал и само со оригинални резервни делови.
Само на тој начин ќе бидете
сигурни во безбедноста на мерниот уред.
u
Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот мерен уред без надзор.
Без
надзор, тие може да се заслепат себеси или други лица.
u
Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност од
експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина.
Мерниот уред
создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
u
Поради технички услови, мерниот уред не може да гарантира стопроцентна
сигурност.
Влијанијата на околината (на пр. прашина или пареа во мерното
подрачје), температурни разлики (на пр. поради греалки), како и особините и
состојбата на мерните површини (на пр. високо рефлективни или транспарентни
материјали) може да ги нарушат мерните резултати.
Опис на производот и перформансите
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
1 609 92A 7M8 | (03.05.2022)
Bosch Power Tools