276
| Македонски
1
609 92A
5C4 | (04.03.2020)
Bosch Power Tools
Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за
сечење додека не се оладат.
Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Грубо брусење
Никогаш не ги користите
брусните плочи за сечење
за грубо брусење.
Со подесување на аголот од 30° до 40° при грубо
брусење ќе добиете најдобри резултати при
работењето. Поместувајте го електричниот алат
напред и назад со умерен притисок. Притоа, делот
што се обработува нема да се вжешти, да се ја
промени бојата и нема да има бразди.
Ламелеста брусна плоча во вид на лепеза
Со
ламелестата брусна плоча во вид на лепеза (опрема)
може да обработувате заоблени површини и
профили. Ламелестите брусни плочи во вид на
лепеза имаат подолг рок на употреба, пониско ниво
на бучава и пониски температури при брусењето
отколку вообичаените брусни плочи.
Сечење на метал
При сечењето со композитни
брусни средства секогаш користете ја заштитната
хауба за сечење (16)
.
При сечењето со брусни плочи секогаш
работете со умерено поместување нанапред по
материјалот. Не правете притисок на брусната
плоча за сечење, не навалувајте и не
осцилирајте. Не ги блокирајте брусните плочи
за сечење што излегуваат со страничен
противпритисок.
Електричниот алат
секогаш мора да се води
во спротивен правец на
движење. Инаку постои
опасност, тој
неконтролирано
да се
истисне од резот. При
сечење на профили и
четириаголни цевки,
најдобро е да поставите
на најмалиот пресек.
Сечење на камен
При сечењето во камен
погрижете се за доволно вшмукување на правта.
Носете маска за заштита од прав.
Електричниот алат смее да се користи само за
сечење/брусење на суви материјали.
За сечење на камен најдобро е да употребите
дијамантска брусна плоча за сечење. При
користење на хаубата за вшмукување за сечење со
лизгачки водилки
(24)
вшмукувачот на прав мора
да биде дозволен за вшмукување на правта од
каменот. Bosch ги нуди соодветните вшмукувачи на
прав.
Вклучете го
електричниот алат и
поставете го со предниот
дел на лизгачките
водилки на делот што се
обработува.
Поместувајте го
електричниот алат со
умерено движење по
материјалот што се
обработува.
При сечење на особено цврсти материјали на пр.
бетон со чакал, дијамантската брусна плоча за
сечење може да се прегрее и да се оштети. Венецот
од искри кој кружи околу дијамантската брусна
плоча за сечење јасно укажува на тоа.
Во таков случај прекинете го процесот на сечење и
оставете ја кратко дијамантската брусна плоча за
сечење во празен од при највисок број на вртежи, за
да се олади. Значителното попуштање во работата и
венецот од искри кој кружи се знаци за отапена
дијамантска брусна плоча. Може повторно да ја
наострите со кратки резови во абразивен материјал,
на пр. силикатен камен.
Напомени за статиката
Процепите во носечките ѕидови подлежат на
нормата DIN 1053 дел 1 или прописите специфични
за земјата.
Мора задолжително да се придржувате до овие
прописи. Пред почетокот на работата повикајте го
одговорниот статичар, архитект или надлежните
градежни раководители за да се советувате.
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Summary of Contents for 3 601 J3A 300
Page 2: ...л у а т а ц и и u k О р и г і н а л ь н а і н с т р у к ц і я ...
Page 6: ...6 1 609 92A 5C4 04 03 2020 Bosch Power Tools Bosch Power Tools ...
Page 7: ...7 Bosch Power Tools 1 609 92A 5C4 04 03 2020 ...
Page 8: ...8 1 609 92A 5C4 04 03 2020 Bosch Power Tools ...
Page 9: ...9 Bosch Power Tools 1 609 92A 5C4 04 03 2020 ...
Page 56: ...Bosch Power Tools 1 609 92A 5C4 04 03 2020 Español 45 ...
Page 215: ...1 609 92A 5C4 04 03 2020 Bosch Power Tools 182 Русский ...
Page 360: ...360 1 609 92A 5C4 04 03 2020 Bosch Power Tools ...
Page 361: ...361 Bosch Power Tools 1 609 92A 5C4 04 03 2020 ...
Page 362: ...362 1 609 92A 5C4 04 03 2020 Bosch Power Tools ...
Page 363: ...363 Bosch Power Tools 1 609 92A 5C4 04 03 2020 ...
Page 364: ...364 1 609 92A 5C4 04 03 2020 Bosch Power Tools ...