214
Превод на оригиналното упатство за употреба
Легенда на симболи
Внимание!
Точното следење на овие предупредувачки упатства
може да спречи појава на штети по лица и / или
материјални штети.
Специјални упатства за подобро разбирање
и ракување.
Секоја поинаква употреба што излегува вон тој домен
важи за несоодветна.
Внимание!
Овој апарат не смее да биде користен за комерцијална
употреба.
Значење на симболите на апаратот
Внимание!
Прочитајте го упатството за употреба
Носете заштитни очила, заштитен
шлем, заштита за уши
Носете ракавици
Носете безбедносни чевли
Држете ги телото и облеката
оддалечени од уредот за сечење
Опасност како последица на
предмети што излетуваат надвор
15m(50ft)
Растојанието помеѓу апаратот и трети
лица мора да изнесува најмалку 15 m
Употреба согласно намената
Овој апарат е наменет за уредување и косење тревни
површини во приватната сфера.
Вовед
Прочитајте ја оваа документација пред пуштање
во работа. Тоа е предуслов за безбедно работење
и непречено ракување.
Обрнете внимание на безбедносните и преду-
предувачките упатства во оваа документација како
и на оние што се наоѓаат на апаратот.
Оваа документација претставува перманентен
елемент од опишаниот производ и треба да му биде
предадена на купувачот при отуѓување.
Безбедносни упатства
Употребувајте го апаратот само во технички
исправна состојба
Не ставајте ги вон употреба безбедносните и зашти-
тните уреди
Апаратот не смее да биде употребуван со други
алати за сечење или приклучни апарати
Носете работна облека соодветна за намената:
Долги панталони, цврсти чевли, ракавици
Заштитен шлем, заштитни очила, заштита за
уши
При работење внимавајте на тоа да стоите безбедно
Не ракувајте со апаратот под дејство на алкохол,
дроги или лекови
Секогаш ракувајте со апаратот со двете раце
Одржувајте ги рачките суви и чисти
Држете ги телото и облеката оддалечени од уредот
за сечење
Држете трети лица вон опасното подрачје
Отстранете туѓи тела што се наоѓаат во работното
подрачје
Секогаш одржувајте ги заштитната табличка, главата
на конецот и моторот така што на нив ќе нема
остатоци од косење
При напуштање на апаратот:
Исклучете го моторот
Сочекајте додека уредот за сечење да постигне
состојба на мирување
Не го оставајте апаратот без надзор
Никогаш не им дозволувајте на деца или други
лица, кои не го знаат Упатството за употреба, да
ја користат машината. Можно е, локалните регу-
лативи да ја дефинираат минималната возраст на
ракувачот.
Пред употреба внимавајте на тоа, сите завртки,
навртки и болцни на апаратот да стојат цврсто
Пред употреба проверете го апаратот по однос на
абење и оштетувања
Секогаш поставувајте ја заштитата за ножот, пред
да го транспортирате апаратот или ножот