Македонски
3
Безбедносни инструкции
ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ ИНСТРУКЦИИ
ПРОЧИТАЈТЕ ВНИМАТЕЛНО И ЗАЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО ЗА
КОРИСТЕЊЕ ВО ИДНИНА.
САМО ФУНКЦИЈА ЗА МИКРОБРАНОВИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
: Ако вратата или делот за затворање се
оштетени, печката не треба да се употребува сè додека не се
поправи од страна на квалификувано лице.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
: Ризично е лицата кои не се компетентни
да вршат сервис или поправка со отстранување на капакот кој
овозможува заштита од микробрановата енергија.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
: Течностите и останатата храна не смеат да
се загреваат во затворени садови за да не дојде до експлозија.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
: Дозволена е употреба на печката од
страна на деца без надзор единствено во случај кога се дадени
соодветни инструкции за детето да може да ја користи печката на
безбеден начин и доколку ја разбира опасноста од неправилна
употреба.
Овој уред е наменет за користење само во домаќинства и не е
наменет да се користи во:
• областите за персоналот во кујните во продавниците,
канцелариите и други работни опкружувања;
• фарми;
• од страна на гости во хотели, мотели и други опкружувања од
ваков вид;
• тип на опкружување со ноќевање и доручек.
Користете садови исклучиво наменети за употреба во
микробранови печки.
Кога загревате храна во пластични или хартиени кеси, внимавајте
да не дојде до палење.
Микробрановата печка е наменета за загревање на храна и
пијалоци. Сушење храна или облека и загревање на подлоги за
топлење, топлинки, сунѓери, влажни алишта и слично може да
предизвика ризик од повреди, палење или пожар.
Ако се појави (избувне) чад, исклучете го уредот или прекинете
го напојувањето и оставете ја вратата затворена за да се изгасне
пламенот.
Загревањето на течности во печката може да доведе до
задоцнето вриење, затоа внимавајте кога ракувате со садот.
Содржината на шишињата и тегличките со храна за деца треба да
се промешаат или протресат и да се провери температурата пред
употребата, за некој да не се изгори.
Јајца со лушпа и тврдо варени јајца не треба да се загреваат во
микробрановата печка, бидејќи може да експлодираат, дури и ако
печката повеќе не е вклучена.
Чистете ја печката редовно и отстранете ги сите остатоци од
храна.
Безбедносни инструкции
MG22M8074AT_OL_DE68-04445J-01_MK.indd 3
2017-11-29 5:51:39
Содержание MG22M8074A Series
Страница 41: ...Mikrovalna pećnica Korisnički priručnik MG22M8074A MG22M8074AT_OL_DE68 04445J 01_HR indd 1 2017 11 29 5 51 59 ...
Страница 81: ...Микробранова печка Упатство за користење MG22M8074A MG22M8074AT_OL_DE68 04445J 01_MK indd 1 2017 11 29 5 51 39 ...
Страница 121: ...Cuptor cu microunde Manual de utilizare MG22M8074A MG22M8074AT_OL_DE68 04445J 01_RO indd 1 2017 11 29 5 51 20 ...
Страница 161: ...Furrë me mikrovalë Manuali i përdorimit MG22M8074A MG22M8074AT_OL_DE68 04445J 01_SQ indd 1 2017 11 29 5 50 42 ...
Страница 201: ...Mikrotalasna pećnica Korisnički priručnik MG22M8074A MG22M8074AT_OL_DE68 04445J 01_SR indd 1 2017 11 29 5 50 23 ...
Страница 241: ...Mikrovalovna pečica Uporabniški priročnik MG22M8074A MG22M8074AT_OL_DE68 04445J 01_SL indd 1 2017 11 29 5 51 00 ...
Страница 281: ...Microwave Oven User manual MG22M8074A MG22M8074AT_OL_DE68 04445J 01_EN indd 1 2017 11 29 5 52 19 ...