12
_инсталирање и одржување
инсталирање и одржување
ИНСТАЛИРАЊЕ
Безбедносни инструкции за инсталирање
Инсталацијата на оваа рерна може да ја изврши единствено овластен електричар. Лицето што ќе ја врши инсталацијата е
одговорно за поврзување на уредот на напојувањето во согласност со соодветните безбедносни регулативи.
•
Овозможете заштита на деловите под напон при инсталирањето на рерната.
•
Елементот за кујна во кој ќе се смести рерната мора да ги задоволува барањата за стабилност наведени во DIN 68930.
Поврзување на напојување
Доколку уредот не се поврзува со напојувањето преку штекер, треба да се
обезбеди повеќеполен прекинувач (со отвор на допир од најмалку 3 mm) за да се
задоволат безбедносните регулативи. Кабелот за напојување (H05 RR-F или
H05 VV-F, мин, 1,5 m, 1,5-2,5 mm²) мора да биде доволно долг за да може да се
поврзе со рерната, дури и кога таа е поставена на подот пред вградувањето.
Отворете го задниот капак на рерната со шрафцигер и олабавете ги завртките
од клемата за кабелот пред да ги поврзете жиците за напојување на соодветните
приклучоци. Рерната е заземјена преку ( )-приклучокот.
Доколку рерната се поврзува со напојувањето со помош на штекер, тој мора да биде достапен по инсталирањето
на рерната. Samsung нема да преземе никаква одговорност за несреќни случаи настанати заради непостоење или
погрешно изведено заземјување.
Инсталирање во орманот
Пластичните површини и површините за прилепување на рерната кај мебелот во кој се врши вградувањето треба да бидат отпорни
на температура до 90 °C во внатрешноста на мебелот, а околниот мебел до 75 °C. Samsung нема да преземе никаква одговорност за
оштетување на пластичните површини или површините за прилепување од преголема топлина.
Во основата на кујнскиот елемент каде што треба да се постави рерната треба да има отвор за вентилација.
За соодветна вентилација треба да оставите отвор од приближно 50 mm помеѓу долната полица и потпорниот ѕид.
Ако рерната треба да се инсталира под плотна, тогаш треба да ги следите инструкциите за инсталирање на плотната.
595
370
560
545
21
595
Макс.50
Мин.550
Мин.560
Мин.50
Мин.590 ~ Макс.600
Мин.460 x Мин.50
Вградена
572 550
595
370
560
545
21
115
595
175
Макс.
464
Мин.550
Мин.560
Мин.600
Мин.460 x Мин.50
Вградена под друг елемент
Вградена + Вградена под друг елемент
572 550
Макс. 476
Турнете го уредот целосно во орманот и добро прицврстете ја рерната од двете страни со помош на 2 завртки.
Не заборавајте да оставите простор од најмалку 5mm помеѓу уредот и околниот орман.
По инсталирањето, отстранете го заштитниот пластичен слој, лентата, хартијата и додатоците од вратата и внатрешноста на рерната.
Пред да ја демонтирате рерната од мебелот, исклучете го нејзиното напојување и ослободете ги 2-те завртки од двете страни на рерната.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Мебелот во кој се врши вградувањето мора да има минимален отвор за вентилација за проток на
воздух како што е прикажано на сликата. Не го покривајте овој отвор со парчиња дрво, бидејќи тој се користи за вентилација.
Предниот надворешен дел на рерната, како на пример рачката, е различен во зависност од моделот.
Но, големината на рерната на сликата е иста.
BQ1S4T133_XEO-00069X-01_MK.indd 12
8/6/2013 2:37:19 PM