28
www.raider.bg
i) Стојте настрана на безбедно растојание од областа за работа. Секој што ќе пристапи до областа за работа
мора да носи лична опрема за заштита. Честичките од работата или од скршена дополнителна опрема може да
одлетаат и да предизвикаат повреда подалеку од областа за работа.
j) Држете го алатот само за изолираните површини за зафаќање кога извршувате работа при која што
дополнителната опрема за сечење може да дојде во контакт со сокриените жици или со кабелот. Ако
дополнителната опрема за сечење дојде во контакт со жица под напон, може да ги електрифицира металните
делови на алатот и да предизвика електричен удар на операторот.
k) Секогаш држете го алатот цврсто со рацете при вклучувањето. Повратниот обртен момент на моторот
додека се забрзува при полна брзина, може да предизвика вртење на алатот.
l) Користете стеги за парчето за обработка секогаш кога тоа е можно. Никогаш не држете мало парче за
обработка со едната рака, а алатот со другата додека работите. Прицврстете го малото парче за обработка и ќе
може да го контролирате алатот со двете раце. Тркалезните материјали како заоблени стапови, цевки или црева
тежнеат да се вртат додека ги сечете и може да предизвикаат бургијата да се превитка или да отскокне кон вас.
m)Поставете го кабелот подалеку од дополнителната опрема којашто се врти. Ако изгубите контрола, кабелот
може да се пресече или се попречи и раката или дланката може да се повлечат кон дополнителната опрема
којашто се врти.
n) Никогаш не оставајте го алатот додека дополнителната опрема не се смири во целост. Опремата којашто се
врти може да се закачи за површината и да ја изгубите контролата врз алатот.
o) По промена на бургиите или ако правите какви било прилагодувања, проверете дали навртката на стегата,
клинот или останатите уреди за прилагодување се безбедно затегнати. Разлабавените уреди за прилагодување
може неочекувано да се поместат со што ќе се предизвика да изгубите контрола, а разлабавените ротирачки
делови да се отфрлат насилно.
p) Не вклучувајте го алатот додека го носите отстрана. Случајниот контакт со дополнителната опрема којашто
се врти може да се заплетка во облеката и да го повлече алатот кон телото.
q) Редовно чистете ги отворите за вентилација на алатот. Вентилаторот на моторот вовлекува прашина во
куќиштето, а прекумерната акумулација на иситнет метал може да предизвика електричен удар.
r) Не работете со алатот близу запаливи материјали. Искрите може да ги запалат овие материјали.
s) Не користете дополнителна опрема којашто бара течни разладувачи. Употребата на вода или други течни
разладувачи може да предизвикаат електричен удар или смрт.
2) ПОВРАТЕН УДАР И ПОВРЗАНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА
• Повратен удар е неочекувана реакција на потфатено или заглавено тркало, ремен за пескарење, четка
или која било друга дополнителна опрема. Потфаќањето или заглавувањето предизвикуваат нагло попречување
на вртењето што предизвикува алатот врз кој веќе немате контрола да се потисне 163 во правец обратен од
ротацијата на опремата кај точката на поврзување.
• На пример, ако абразивното тркало се потфати или заглави со остаток од работата, работ на тркалото
којшто навлегува во потфатената област може да се закопа во површината на материјалот и со тоа да предизвика
тркалото да се откачи или да ве бутне. Тркалото може да отскокне кон или обратно од ракувачот, зависно од
правецот на движење на тркалото во моментот на потфаќање. Абразивните тркала може и да се скршат во овие
услови.
• Повратниот удар е резултат на неправилна употреба на алатот и/или несоодветна работна постапка или
услови, а може да се избегне ако ги преземете неопходните безбедносни мерки како што е посочено подолу.
a) Одржувајте цврст зафат на алатот и поставете ги телото и раката на тој начин со којшто ќе си овозможите
да ја издржите силата на повратниот удар.Ракувачот може да ја контролира силата на повратниот удар ако ги
преземе неопходните безбедносни мерки.
b) Обрнете особено внимание кога работите кај агли, остри рабови и слично. Избегнувајте потскокнување
и потфаќање на дополнителната опрема. Аглите, острите рабови или отскокнувањето имаат тенденција да ја
потфатат дополнителната опрема којашто се врти и на тој начин да изгубите контрола или да предизвикате
повратен удар.
c) Не ставајте тенко сечиво со запци на пилата. Таквите сечива предизвикуваат чести повратни удари и загуба
на контролата.
d) Секогаш насочувајте го врвот во материјалот во истиот правец како што страната за сечење излегува
од материјалот (што претставува истиот правец каде што се исфрлаат деланките). Насочувањето на алатот во
погрешен правец предизвикува страната за сечење да отскокне и да го повлече алатот во овој правец.
e) Секогаш прицврстете го парчето за работа со стега кога користите пила за челик, сечачи со голема брзина и
волфрам јаглеродни сечачи. Овие тркала ќе потегнат ако се делумно закосени во бразда и може да предизвикаат
повратен удар. Ако тркалото повлече, истото и ќе се скрши. Кога пилата за челик, сечачите со голема брзина или
волфрам јаглеродните сечачи повлечат, може да отскокнат и така ќе изгубите контрола врз алатот.
3) БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА ОПЕРАЦИИ СО БРУСЕЊЕ И СЕЧЕЊЕ
a) Користете само тркала што се препорачуваат за алатот и само за препорачаната примена.На пример:
Не брусете со страната на тркалото за сечење. Абразивните тркала за сечење се наменети за периферално
брусење. Применетите странични сили кај овие тркала може да предизвикаат кршење.
b) За абразивни конуси со нишки и приклучоци, користете само неоштетени вретена за тркалото со затегнато
крилце со соодветна димензија и должина. Соодветните вретена ќе ја намалат можноста од кршење.
c) Не „заглавувајте“ го тркалото за сечење и не применувајте прекумерен притисок. Не обидувајте се да
направите прекумерна длабочина при сечењето. Ако вложите прекумерен притисок врз притисокот, тоа доведува
до преоптоварување и поголема можност за превиткување или виткање на тркалото при сечењето, како и до
можност за повратен удар или кршење на тркалото.
d) Не поставувајте ја раката во линија или зад ротирачкото тркало. Кога тркалото во даден момент на работа
се оддалечува од раката, можен повратен удар може да ги придвижи ротирачкото тркало и алатот директно кон
вас.
e) Кога тркалото се витка или кога прекинувате со сечење од која било причина, исклучете го алатот и држете
го без да го поместувате додека тркалото не застане сосема. Никогаш не обидувајте се да го извадите тркалото
за сечење додека се движи, во спротивно може да дојде до повратен удар. Проверете и преземете корективни
дејства за да исклучите причина за виткање на тркалото.
f) Не започнувајте ја работата со сечење во самиот предмет за работа. Оставете тркалото да постигне
полна брзина и внимателно навлезете во линијата за сечење. Тркалото може да се свитка, да се откачи или да
предизвика повратен удар ако алатот се вклучува во самиот предмет за работа.
Содержание RD-MG09
Страница 50: ...50 www raider bg ...
Страница 52: ...52 www raider bg ...
Страница 54: ...54 www raider bg ...
Страница 61: ...61 ...