![Porsche 01-B Скачать руководство пользователя страница 303](http://html1.mh-extra.com/html/porsche/01-b/01-b_web-application-manual_1580236303.webp)
301
Веб-апликација – стартување
MK
Веб-апликација –
стартување
Пред полначот и веб-апликацијата да може
секојдневно да се користат, полначот прво треба
да се постави. Потоа, треба да се воспостави врска
меѓу вашиот уред (персонален компјутер, таблет
или паметен телефон), и полначот.
Барања за почетна работа во веб-
апликацијата
Следните информации нека ви бидат подготвени
кога за првпат ја користите веб-апликацијата:
– Писмо кое ги содржи податоците за пристап
кое доаѓа со Porsche Mobile Charger Connect,
за најава во веб-апликацијата
– Податоци за пристап за вашата домашна
мрежа
– Податоци за пристап за вашиот кориснички
профил (за да го поврзете со вашиот
Porsche ID)
Веб-апликацијата ги поддржува следните
пребарувачи:
– Google Chrome верзија 57 или понова
(препорачано)
– Mozilla Firefox верзија 52 или понова
(препорачано)
– Microsoft Internet Explorer верзија 11 или
понова
– Microsoft Edge
– Apple Safari верзија10 или понова
Најавување во полначот
I
b
Полначот е вклучен.
b
Писмото што содржи податоци за пристап
е при рака.
1.
Во писмото, видете го PIN кодот. За да го
направите тоа, навлажнете го безбедносното
поле за PIN кодот да стане видлив.
2.
Внесете го PIN кодот.
Започнување на поставувањето
на полначот
Полначот се поставува со волшебникот
за поставување којшто ве води низ чекорите
поврзани со инсталирањето. Поставувањето
мора да се заврши пред полначот да може
правилно да се користи.
f
Погледнете во прирачникот за употреба
на Porsche Mobile Charger Connect за детали
во врска со поставувањето на полначот.
Ракување со веб-апликацијата
Воспоставување врска со полначот
Ако полначот е интегриран во вашата постоечка
домашна мрежа (WiFi или PowerLine
Communication) за време на поставувањето,
до веб-апликацијата може да се пристапи преку
назначената IP адреса.
f
Информации за воспоставување мрежни
врски, видете во поглавјето „Врски” на
Отворање на веб-апликацијата преку WiFi
b
Вашиот уред и полначот се лоцирани на истата
WiFi мрежа.
1.
Отворете го вашиот пребарувач.
2.
Во редот за адреса на пребарувачот: Внесете ја
IP адресата што била назначена за време на
конфигурацијата (во
Settings
>
Networks
>
Network information
на полначот), или името
на серверот на полначот (во писмото што ги
содржи податоците за пристап).
Отворање на веб-апликацијата преку
PowerLine Communication
b
Вашиот уред и полначот се во истата
домашна мрежа преку PLC врска.
1.
Отворете го вашиот пребарувач.
2.
Во редот за адреса на пребарувачот: Внесете ја
IP адресата што била назначена за време на
конфигурацијата (во
Settings
>
Networks
>
Network information
на полначот).
Информација
Ќе ги најдете податоците за најавување во веб-
апликацијата во добиеното писмо кое содржи
податоци за пристап. Безбедносното поле ги
содржи кодовите за пристап (PIN и PUK). Ова поле
има посебна боја која ги покрива овие кодови.
Овие кодови можат да се видат само ако ова
поле се навлажни во вода која тече.
Не тријте го или гребете го полето кога
го навлажнувате бидејќи и кодовите може
да се оштетат.