81
МАКЕДОНСКИ
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
Чистење на алатот
Чистете го алатот, така што ќе ја избришете
прашината, нечистотијата или отсечената трева
со сува крпа или крпа натопена во сапуница, па
исцедена. За да избегнете прегревање на алатот,
не заборавајте да ја отстраните исечената трева
или остатоците што се прилепуваат на отворот на
алатот.
Штитник на батеријата
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Не отстранувајте
го штитникот на батеријата. Не користете го
алатот со отстранет или оштетен штитник
на батеријата.
Директниот удар на касетата
за батерија може да предизвика дефект на
батеријата и да резултира со повреда и/или пожар.
Доколку штитникот на батеријата е отстранет или
оштетен, контактирајте со овластениот сервисен
центар за поправка.
►
Сл.23:
1.
Штитник на батеријата
РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ
Пред да нарачате поправка, прво сами проверете ја состојбата. Ако најдете проблем што не е објаснет
во упатството, не обидувајте се да го расклопите алатот. Наместо тоа, побарајте помош од овластените
сервисни центри на Makita и секогаш користете делови за замена и поправка од Makita.
Состојба на аномалии
Можна причина (дефект)
Поправка
Моторот не работи.
Не е монтирана касетата за
батеријата.
Монтирајте ја касетата за батеријата.
Проблем со батеријата (под напон)
Повторно наполнете ја батеријата. Ако
полнењето нема ефект, заменете ја батеријата.
Погонскиот систем не работи
правилно.
Побарајте помош од локален, овластен,
сервисен центар за поправка.
Моторот запира со работа по
краткотрајна употреба.
Ротацијата е наназад.
Променете го правецот на ротацијата со рачката
на прекинувачот за обратна акција.
Нивото на наполнетост на батеријата
е ниско.
Повторно наполнете ја батеријата. Ако
полнењето нема ефект, заменете ја батеријата.
Прегревање.
Запрете со користење на алатот за да оставите
време да се излади.
Не ги достигнува максималните
вртежи во минута.
Батеријата е неправилно монтирана. Монтирајте ја касетата за батеријата како што е
опишано во прирачникот.
Моќта на батеријата опаѓа.
Повторно наполнете ја батеријата. Ако
полнењето нема ефект, заменете ја батеријата.
Погонскиот систем не работи
правилно.
Побарајте помош од локален, овластен,
сервисен центар за поправка.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
Овој прибор или додатоци
се препорачуваат за користење со алатот од
Makita дефиниран во упатството.
Со користење
друг прибор или додатоци може да се изложите на
ризик од телесни повреди. Користете ги приборот
и додатоците само за нивната назначена намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
Погледнете во делот „Одобрен додаток“ за
применливи модели за алатов.
•
Додаток за косилката за грмушки
•
Додаток за тримерот со жица
•
Додаток вртливи ножици
•
Додаток за тримерот за трева
•
Додаток за поткастрување жива ограда
•
Додаток на тримерот за жива ограда
•
Додаток за пилата на шипка
•
Додаток за култиваторот
•
Додаток за порамнувачот на рабови
•
Додаток за комбајнот за кафе
•
Додаток за продолжување на рачката
•
Додаток електрична четка
•
Додаток електрична метла
•
Приклучок на дувалката
•
Оригинална батерија и полнач на Makita
НАПОМЕНА:
Некои ставки на листата може да се
вклучени со алатот како стандарден прибор. Тие
може да се разликуваат од држава до држава.
Содержание UX01G
Страница 2: ...Fig 1 Fig 2 12 1 2 3 4 5 11 10 9 8 Fig 3 2 1 7 3 6 4 5 8 10 9 11 12 Fig 4 2 ...
Страница 3: ...2 1 3 Fig 5 1 Fig 6 1 2 Fig 7 1 Fig 8 2 1 Fig 9 2 1 Fig 10 2 1 Fig 11 1 1 2 3 4 5 Fig 12 3 ...
Страница 4: ...1 2 Fig 13 1 Fig 14 1 2 3 Fig 15 1 Fig 16 Fig 12 3 1 2 Fig 17 1 2 Fig 18 1 2 3 2 Fig 19 Fig 20 4 ...
Страница 5: ...1 Fig 21 1 2 Fig 22 1 Fig 23 5 ...