57
МАКЕДОНСКИ
ВНИМАНИЕ:
Никогаш не вклучувајте го
алатот кога е во контакт со работниот материјал, во
спротивно може да дојде до повреда на операторот.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш носете заштитни очила
или маска за заштита на лицето при работата.
ВНИМАНИЕ:
По работата, секогаш
исклучувајте го алатот и почекајте додека тркалото
не сопре сосема пред да го одложите алатот.
ВНИМАНИЕ:
СЕКОГАШ држете го алатот
цврсто со едната рака за куќиштето и со
другата на страничниот држач (рачка).
Брусење и шмирглање
►
Сл.12
Вклучете го алатот и потоа, ставете ги тркалото или
дискот во работниот материјал.
По принцип, одржувајте го работ од тркалото
или дискот под агол од околу 15° во однос на
површината на работниот материјал.
За време на првичниот период на користење ново тркало,
не работете со брусилката во насока нанапред бидејќи ќе
засече во работниот материјал. Штом работ на тркалото
ќе се заобли од употребата, со тркалото може да се
работи во двете насоки, нанапред и наназад.
Работа со тркало за абразивно
сечење/дијамантско тркало
Опционален прибор
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Кога користите
тркало за абразивно сечење/дијамантско тркало,
внимавајте да го користите само специјалниот
штитник конструиран за тркалата за сечење.
(Во некои европски земји може да се користи и
обичниот штитник при користење на дијамантските
тркала. Почитувајте ги прописите во земјата.)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
НИКОГАШ не користете
го тркалото за сечење за странично брусење.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Не заглавувајте
го тркалото и не притискајте прекумерно.
Не обидувајте се да сечете предлабоко.
Пренапрегнувањето на тркалото го зголемува
оптоварувањето и можноста за извиткување или
лепење на тркалото во засекот и можностаза повратен
удар, кршење на тркалото и прегревање на моторот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Не почнувајте
со сечењето повторно додека тркалото е во
материјалот. Оставете го тркалото да достигне
максимална брзина и внимателно влезете во засекот,
движејќи го алатот напред преку површината на
материјалот.
Тркалото може да осцилира, да излезе или
да удри наназад ако алатот се стартува во материјалот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
За време на сечењето,
не менувајте го аголот на тркалото.
Ако се притиска
странично на тркалото за сечење (при брусење) може
да дојде до пукање или кршење на тркалото, што може
да предизвика тешки телесни повреди.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Со дијамантското тркало
треба да се работи вертикално врз материјалот за сечење.
Монтирајте ја внатрешната фланша на вретеното.
Наместете го тркалото/дискот на внатрешната фланша
и завртете ја навртката за блокирање на вретеното.
►
Сл.13:
1.
Навртка за блокирање
2.
Тркало за
абразивно сечење/дијамантско тркало
3.
Внатрешна фланша
4.
Штитник за
тркало за абразивно сечење/дијамантско
тркало
За Австралија и Нов Зеланд
►
Сл.14:
1.
Навртка за блокирање
2.
Надворешна
фланша 78
3.
Тркало за абразивно
сечење/дијамантско тркало
4.
Внатрешна
фланша 78
5.
Штитник за тркало за
абразивно сечење/дијамантско тркало
Операции со испакната жичена
четка
Опционален прибор
ВНИМАНИЕ:
Проверете ја
функционалноста на четката оставајќи
го алатот да работи без оптоварување,
осигурувајќи дека нема никој пред или во
линија со четката.
ВНИМАНИЕ:
Не користете ја четката
ако е оштетена или ако е неурамнотежена.
Користењето оштетена четка може да го зголеми
потенцијалот за повреда од доаѓање во допир со
скршени жици од четката.
►
Сл.15:
1.
Испакната жичена четка
Исклучете го алатот од напојување и поставете го свртен
обратно за да добиете лесен пристап до вретеното.
Извадете ги сите додатоци од вретеното. Монтирајте
испакната жичена четка врз вретеното и стегнете ја
со испорачаниот клуч.
ЗАБЕЛЕШКА:
Избегнете преголем притисок
при користење на четката, со што може да се
извиткаат жиците.
Со тоа може предвремено да
се искршат.
Операции со кружна жичена четка
Опционален прибор
ВНИМАНИЕ:
Проверете ја
функционалноста на жичената четка оставајќи
го алатот да работи без оптоварување,
осигурувајќи дека нема никој пред или во
линија со четката.
ВНИМАНИЕ:
Не користете ја
жичената четка ако е оштетена или ако е
неурамнотежена.
Користењето оштетена жичена
четка може да го зголеми потенцијалот за повреда
од доаѓање во допир со скршени жици од четката.
ВНИМАНИЕ:
СЕКОГАШ користете штитник
со жичените кружни четки, уверувајќи се
дека дијаметарот на тркалото одговара на
штитникот.
Тркалото може да се распрсне за
време на употребата, а штитникот помага во
намалување на шансите за телесна повреда.
►
Сл.16:
1.
Кружна жичена четка
Содержание GA9063R
Страница 2: ...1 Fig 1 A C B 1 2 Fig 2 1 Fig 3 Fig 4 1 2 3 Fig 5 1 2 3 4 Fig 6 1 2 Fig 7 1 4 2 3 Fig 8 2 ...
Страница 4: ...1 2 Fig 17 1 Fig 18 2 3 5 6 3 8 9 2 5 4 10 1 11 12 13 14 7 8 5 6 Fig 19 4 ...
Страница 98: ...98 ...
Страница 99: ...99 ...