54
МАКЕДОНСКИ
5.
Пред да го користите алатот врз работниот
материјал, оставете го да поработи малку
напразно. Видете дали има вибрации или
осцилации што може да укажуваат на лошо
монтирање или неизбалансиран камен.
6.
Користете ја назначената површина на
каменот за да го изведете брусењето.
7.
Не оставајте го алатот вклучен. Работете со
алатот само кога го држите в раце.
8.
Не допирајте го материјалот веднаш по
работата, може да е многу жежок и да ви ја
изгори кожата.
9.
Почитувајте ги упатствата на
производителот за правилно монтирање и
користење на камењата. Бидете внимателни
кога ракувате со камењата и кога ги
одложувате.
10.
Не користете посебни редуцирачки лежишта
или адаптери за да ставате абразивни
тркала со голем отвор.
11.
Користете само фланши наменети за овој
алат.
12.
За алатите на кои се ставаат тркала со
отвор со навои, внимавајте навојот во
тркалото да е доволно долг да ја прими
должината на вретеното.
13.
Проверете дали материјалот е добро
прицврстен.
14.
Внимавајте, тркалото продолжува да се
врти по исклучување на алатот.
15.
Ако работното место е крајно жешко и
влажно или многу загадено со спроводлив
прав, користете прекинувач за краток спој
(30 mA) за безбедност на операторот.
16.
Не користете го алатот ако материјалот
содржи азбест.
17.
Кога користите тркало за сечење, секогаш
работете со штитникот за собирање прав
што го бараат домашните прописи.
18.
Дискот за сечење не смее да се притиска
странично.
19.
Не користете платнени работни ракавици
при работата.
Текстилните влакна од
платнените ракавици може да навлезат во
алатот, што предизвикува кршење на алатот.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ
удобноста или познавањето на производот
(стекнати со подолга употреба) да ве наведат
да не се придржувате строго до безбедносните
правила за овој производ. ЗЛОУПОТРЕБАТА
или непочитувањето на безбедносните
правила наведени во ова упатство може да
предизвикаат тешка телесна повреда.
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или
проверка на алатот, проверете дали е исклучен
и откачен од струја.
ВНИМАНИЕ:
Вратете го прекинувачот во
положба „OFF“ (ИСКЛУЧЕНО) доколку дојде
до случајно откачување, прекин на електрична
енергија или доколку напојувањето се прекине
ненамерно.
Во спротивно, алатот може ненадејно
да се стартува кога напојувањето ќе се врати, а
тоа може да резултира со телесна повреда.
Блокада на оската
Притиснете ја блокадата на оската за да спречите
вртење на вретеното кога ставате или вадите додатоци.
►
Сл.1:
1.
Блокада на оската
ЗАБЕЛЕШКА:
Не затегнувајте ја блокадата на
оската кога вретеното се движи.
Алатот може да
се оштети.
Вклучување
ВНИМАНИЕ:
Пред да го приклучите кабелот
во мрежата, проверете го прекинувачот дали
функционира правилно и дали се враќа во
положбата „OFF“ кога ќе се отпушти.
►
Сл.2:
1.
Прекинувач за стартување
2.
Рачка за
блокирање
За алат со копче за блокирање
ВНИМАНИЕ:
Прекинувачот може да биде
блокиран во положбата „ON“ за поголема
удобност за лицето што ракува со алатот при
подолготрајна употреба. Бидете внимателни
кога го блокирате алатот во положбата „ON“ и
одржувајте стабилен зафат на алатот.
За вклучување на алатот, едноставно повлечете
го прекинувачот за стартување (во насоката B).
Отпуштете го прекинувачот за да сопрете.
За континуирана работа, повлечете го прекинувачот
(во насоката B) и потоа турнете ја рачката за
блокирање (во насоката А).
За да го запрете алатот од блокираната положба,
целосно повлечете го прекинувачот (во насоката B)
и потоа отпуштете го.
За алат со прекинувач за одблокирање
За да спречите случајно повлекување на прекинувачот
за стартување, вградена е рачка за блокирање.
За вклучување на алатот, притиснете ја рачката
за блокирање (во насока А) и потоа повлечете
го прекинувачот (во насока В). Отпуштете го
прекинувачот за да сопрете.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не повлекувајте го силно
прекинувачот без да го притиснете копчето за
заклучување.
Тоа може да предизвика дефект на
прекинувачот.
Содержание GA9063R
Страница 2: ...1 Fig 1 A C B 1 2 Fig 2 1 Fig 3 Fig 4 1 2 3 Fig 5 1 2 3 4 Fig 6 1 2 Fig 7 1 4 2 3 Fig 8 2 ...
Страница 4: ...1 2 Fig 17 1 Fig 18 2 3 5 6 3 8 9 2 5 4 10 1 11 12 13 14 7 8 5 6 Fig 19 4 ...
Страница 98: ...98 ...
Страница 99: ...99 ...