65 МАКЕДОНСКИ
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Пред секое
нагодување или проверка на алатот, проверувајте
дали е исклучен и батеријата е извадена.
Ако не
го исклучите алатот и не ја извадите касетата за
батеријата, може да дојде до тешка телесна повреда
предизвикана од случајно стартување.
Монтирање или отстранување на
касетата за батеријата
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исклучувајте го
алатот пред ставањето или вадењето на
касетата за батеријата.
ВНИМАНИЕ:
Држете ги алатот и касетата
за батеријата цврсто кога ја монтирате или
вадите касетата за батеријата.
Ако не ги држите
цврсто алатот и касетата за батеријата, тие може
да се лизнат од вашите раце и да дојде до нивно
оштетување, како и до телесна повреда.
►
Сл.6:
1.
Црвен индикатор
2.
Копче
3.
Касета за батерија
За да ја извадите касетата за батеријата, повлечете
ја од алатот додека го лизгате копчето на предната
страна на касетата.
За вметнување на касетата за батеријата,
порамнете го јазичето на касетата со жлебот во
куќиштето и лизнете го во место. Вметнете ја до крај
додека не се блокира во место при што ќе се слушне
мало кликнување. Ако можете да го видите црвениот
индикатор на горната страна од копчето, тоа значи
дека не е заклучена целосно во место.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш монтирајте ја
касетата за батеријата целосно додека црвениот
индикатор не се изгасне.
Во спротивно, може
ненадејно да испадне од алатот предизвикувајќи ви
повреда вам или на некој друг околу вас.
ВНИМАНИЕ:
Немојте да ја монтирате
касетата за батеријата на сила.
Ако касетата
не може да се лизне лесно, тоа значи дека не е
поставена правилно.
Систем за заштита на батеријата
Овој алат е опремен со систем за заштита на
батеријата. Овој систем автоматски го прекинува
напојувањето на моторот за да го продолжи
работниот век на батеријата.
Алатот автоматски ќе запре за време на работењето
ако алатот и/или батеријата се најдат под еден од
следниве услови:
Преоптовареност:
Со алатот се ракува на начин што предизвикува тој да
повлекува ненормално висока електрична енергија.
Во таква ситуација, исклучете го алатот и запрете со
примената која предизвикала негово преоптоварување.
Потоа, повторно вклучете го алатот.
Ако алатот не се вклучи, батеријата е прегреана. Во
оваа ситуација, оставете ја батеријата да се излади
пред повторно да го вклучите алатот.
Низок напон на батеријата:
Преостанатиот капацитет на батеријата е премал и
алатот не може да работи. Ако го вклучите алатот,
моторот работи уште малку, но набрзо запира.
Во оваа ситуација, извадете ја и наполнете ја
батеријата.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
Само за батерии со индикатор
►
Сл.7:
1.
Индикаторски ламбички
2.
Копче за
проверка
Притиснете го копчето за проверка на касетата
за батеријата за укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата. Индикаторските ламбички
светнуваат неколку секунди.
Индикаторски ламбички
Преостанат
капацитет
Запалено
Исклучено
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
НАПОМЕНА:
Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
Вклучување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Пред да ја
ставите батеријата во алатот, проверете го
прекинувачот дали функционира правилно и
дали се враќа во положбата „OFF“ кога ќе се
отпушти.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
За ваша безбедност,
овој алат е опремен со копче за блокирање кое
спречува алатот да се стартува ненамерно.
Никогаш не користете го алатот ако се
вклучи со повлекување на прекинувачот
за стартување без да се притисне копчето
за одблокирање.
Однесете го на поправка во
вашиот локален сервисен центар на Makita.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Никогаш не
исклучувајте ја функцијата за заклучување
ниту лепете го копчето за одблокирање.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не повлекувајте го
прекинувачот за стартување на сила без
да го притиснете копчето за одблокирање.
Прекинувачот може да се скрши.
►
Сл.8:
1.
Прекинувач
2.
Копче за одблокирање
Содержание DUR181Z
Страница 3: ...1 Fig 9 1 2 Fig 10 1 2 Fig 11 1 Fig 12 1 Fig 13 1 Fig 14 1 2 3 Fig 15 Fig 16 3 ...
Страница 4: ...1 Fig 17 1 Fig 18 1 Fig 19 2 1 Fig 20 3 2 1 Fig 21 1 Fig 22 3 2 1 Fig 23 1 Fig 24 4 ...
Страница 5: ...1 Fig 25 1 Fig 26 Fig 27 Fig 28 Fig 29 Fig 30 1 Fig 31 5 ...
Страница 6: ...1 Fig 32 1 Fig 33 1 Fig 34 1 2 Fig 35 1 Fig 36 1 2 Fig 37 6 ...
Страница 7: ... 1 2 Fig 38 7 ...