МАКЕ
ДОНСКИ
7
Ако производот е ладен на допир, при вклучувањето може да се
појави мало “треперење”. Ова е нормално, кај производот нема
никаков проблем.
Овој екран е напреден производ кој содржи неколку милиони
пиксели.
На панелот може да се видат мали црни точки и/или светло обоени
точки (во бела, црвена, сина или зелена боја) со големина од 1
ppm. Ова не укажува на дефект и не влијае врз перформансите и
сигурното функционирање на производот.
Овој феномен исто така се случува и кај производи на трети страни
и не може да биде причина за замена или враќање на пари.
Во зависност од местото на гледање може да забележите различна
осветленост и боја на екранот (лево/десно/горе/долу).
Овој феномен се должи на карактеристиките на панелот. Ова не е
поврзано со перформансите на производот, и тоа не претставува
неисправност.
Прикажувањето на неподвижна слика на подолг временски
период може да предизвика врежување на сликата. Избегнувајте
прикажување на фиксна слика на ТВ екранот на подолг временски
период.
Кога се извршува функцијата Избриши шум на екран, можно е да
се појават хоризонтални линии. Ова е вообичаено и нема потреба
за загриженост.
Генериран звук
Звук на “крцкање”: Звукот на крцкање кој настанува за време
на гледање или исклучување на телевизорот се генерира при
термичко собирање на пластиката заради температурата и
влажноста. Овој шум е вообичаен кај производите кај кои доаѓа
до термички деформации. Брмчење на електричните кола/
зуење на панелот: Шум со ниско ниво се генерира од колата
со преклопување со голема брзина, кои испорачуваат големи
количини на струја за функционирање на производот. Шумот се
разликува во зависност од производот.
Овој генериран звук не влијае врз перформансите и сигурното
функционирање на производот.
Не користете електронски уреди со висок напон во близина на
телевизорот(на пр. електрична тепалка за комарци). Тоа може да
предизвика неисправност на производот.
Гледање на 3D слика (Само 3D
модели)
ВНИМАНИЕ
•
Децата треба да ги надгледува возрасно лице кога гледаат
3D видео запис. Доколку детето се пожали на замор на очите,
главоболка или замаглен вид додека гледа 3D, препорачливо
е да одмори одреден временски период пред да продолжи да
гледа 3D содржини.
•
При гледање на 3D видео запис, некои лица можно е да
почувствуваат непријатности како главоболка, вртоглавица,
замор или замаглен вид. Во тој случај, престанете со
гледањето на 3D видео снимки и одморете.
•
Доколку гледате 3D снимки подолг временски период, можно
е да почувствувате замор на очите. Во тој случај, престанете со
гледањето на 3D видео снимки и одморете.
•
Користете само LG 3D очила. Во спротивно, може да не бидете
во можност да гледате 3D видео снимки правилно.
•
Немојте да ги користете 3D очилата наместо вашите нормални
очила, очилата за сонце или заштитните очила.
•
Не чувајте ги 3D очилата на екстремно високи или ниски
температури. Тоа ќе предизвика деформации.
•
Немојте да ги користите 3D очилата додека одите или се
движите. Тоа може да предизвика незгода или повреда.
•
Внимавајте очите да не ви дојдат до допир со рамките од 3D
очилата.
•
Немојте да гледате 3D содржини доколку имате
фотосензитивни напади, епилепсија или срцева болест.
Подготовка
ЗАБЕЛЕШКА
•
Ако телевизорот се вклучува за првпат откако е испорачан од
фабрика, иницијализирањето на телевизорот може да трае
неколку минути.
•
Прикажаната слика може да се разликува од вашиот телевизор.
•
OSD (On Screen Display - приказ на екранот) може малку да се
разликува од приказот што е даден во ова упатство.
•
Достапните менија и опции може да се разликуваат во зависност
од влезниот извор или моделот на производот кој го користите.
•
Во иднина, на овој телевизор може да му бидат додадени
нови функции.
•
Елементите кои се испорачуваат со вашиот производ може да
се разликуваат во зависност од моделот.
•
Спецификациите на производите или содржината на ова
упатство може да бидат променети без претходно известување
заради надградување на функциите на производите.
•
За оптимално поврзување, HDMI каблите и USB уредите треба
да имаат лежиште со дебелина помала од 10 mm и широчина
помала од 18 mm. Доколку USB кабелот или USB меморискиот
уред не може да се вметне во USB влезот на телевизорот,
употребете продолжителен кабел кој поддржува USB 2.0.