![LG GBB548BLCZH Скачать руководство пользователя страница 343](http://html.mh-extra.com/html/lg/gbb548blczh/gbb548blczh_owners-manual_218742343.webp)
13
МОНТАЖА
МК
Напомени за преместување и
транспорт
•
Извадете ја целокупната храна од
внатрешноста на апаратот. Потоа,
транспортирајте го апаратот само откако сте ги
фиксирале кршливите делови, како на пример
полиците и рачката на вратата со самолеплива
лента. Во спротивно, може да дојде до
оштетување на апаратот.
•
Извадете го приклучокот за струја, вметнете го
и фиксирајте го во куката за приклучокот на
задната страна или на горниот дел од
апаратот. Во спротивно, може да дојде до
оштетување на приклучокот или гребење на
подот.
•
Апаратот треба да го транспортираат
внимателно повеќе од две лица. Испуштањето
на апаратот, кој е навистина многу тежок, може
да предизвика телесна повреда или дефект во
апаратот.
•
При транспорт на апаратот на подалечно
растојание, држете го апаратот во исправена
положба. Апаратот може да се навали и да
предизвика дефект. Никогаш не
транспортирајте го апаратот легнат затоа што
тоа може да предизвика дефект во
циркулирањето на средството за ладење кога
повторно ќе се исправи.
Напомени за монтажа
•
Монтирајте го производот на цврста и рамна
површина.
−
Ако производот е монтиран на нерамен под,
може да предизвика вибрација и бучава, што
пак може да доведе до паѓање на апаратот и
повреда. Исто така може да предизвика
вратите да не се затвораат правилно и да
навлезе влага во внатрешноста на единицата
за време на работењето.
−
Ако предниот или задниот дел на апаратот
не е израмнет, регулирајте ги предните
ногалки за да ја коригирате положбата. При
полоши ситуации, можеби ќе биде потребно
подот да се коригира со тенки дрвени ленти.
•
Избегнувајте монтирање на производот во
близина на извори на топлина, директна
сончева светлина или влага.
•
Поврзете го кабелот за струја (или
приклучокот) со штекерот. Не приклучувајте
други апарати на истиот штекер.
•
По поврзување на кабелот за струја (или
приклучокот) со извор на струја, почекајте 2-3
часа пред да ставите храна во апаратот. Ако
додадете храна пред целосно да се излади,
храната може да се расипе.
•
Моделите со рачки треба да бидат оддалечени
барем 55 mm од ѕидот на страната на шарките
за да може вратата да се отвора под агол од
90°.
•
Оставете растојание од 55 mm од левата,
десната, задната и горната страна при
монтирањето.
•
По инсталирањето на апаратот, поврзете го
приклучокот за струја во штекерот. Пред да го
поместите или отфрлите апаратот, исклучете
го приклучокот за струја од штекерот.
Содержание GBB548BLCZH
Страница 573: ...Anteckningar ...
Страница 574: ...Anteckningar ...
Страница 575: ...Anteckningar ...
Страница 576: ......