![LG GBB548BLCZH Скачать руководство пользователя страница 334](http://html.mh-extra.com/html/lg/gbb548blczh/gbb548blczh_owners-manual_218742334.webp)
4
МК
За употреба во Европа:
Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и
лица со намалени физички, сетилни или ментални способности
или со недоволно искуство и знаење, ако се под надзор или
добиваат упатства за употреба на апаратот на безбеден начин
и ги разбираат опасностите што можат да произлезат. Деца не
смеат да си играат со апаратот. Чистењето и одржувањето не
смеат да го прават деца без надзор.
МОНТАЖА
•
Овој апарат треба да го пренесуваат две или повеќе лица,
коишто цврсто ќе го држат при пренесувањето.
•
Проверете дали штекерот за струја е правилно заземјен и
дали пинот за заземјување на кабелот за струја е оштетен или
изваден од приклучокот за струја. За повеќе детали околу
заземјувањето, обратете се во Центарот за информации за
клиенти на LG Electronics.
•
Овој апарат мора да биде опремен со кабел за струја, којшто
има спроводник за заземјување и приклучок за заземјување.
Приклучокот мора да биде вклучен во соодветен штекер
којшто е правилно монтиран и заземјен во согласност со
локалните законски регулативи и уредби.
•
Ако кабелот за струја е оштетен или штекерот е лабав во
отворот, не користете го кабелот и стапете во контакт со
овластен центар за сервис.
•
Не приклучувајте го апаратот на мулти-приклучен адаптер,
којшто нема (монтиран) кабел за напојување.
•
Не модифицирајте го и не продолжувајте го кабелот за струја.
Содержание GBB548BLCZH
Страница 573: ...Anteckningar ...
Страница 574: ...Anteckningar ...
Страница 575: ...Anteckningar ...
Страница 576: ......