9
ENG
МАКЕДОНСКИ
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
y
y
При преместување или распакување на производот, заради неговата тежина
работете по двајца.
Во спротивно, може да дојде до повреда.
y
y
Контактирајте го сервисниот центар еднаш годишно за да се исчистат
внатрешните делови на уредот.
Насобраната прашина може да предизвика механички оштетувања.
y
y
Наведете ги сите сервисирања на овластени сервисни лица. Сервисирање
е потребно кога уредот е оштетен на каков било начин, како во случај на
неисправност на кабелот за напојување или приклучокот на кабелот, прскање
на течност или кога објекти паднале во уредот, изложување на уредот на дожд
или влага, кога тој не функционира нормално, или доколку се испушти.
y
y
Ако производот е ладен на допир, при вклучувањето може да се појави мало
“треперење”. Ова е нормално, кај производот нема никаков проблем.
y
y
Панелот е производ со висока технологија, со резолуција од два до шест
милиони пиксели. На панелот може да се видат мали црни точки и/или светло
обоени точки (црвени, сини или зелени) со големина од 1 ppm. Ова не укажува
на дефект и не влијае врз перформансите и сигурното функционирање на
производот.
Овој феномен исто така се случува и кај производи на трети страни и не може
да биде причина за замена или враќање на пари.
y
y
Во зависност од местото на гледање може да забележите различна
осветленост и боја на екранот (лево/десно/горе/долу).
Овој феномен се должи на карактеристиките на панелот. Ова не е поврзано
со перформансите на производот, и тоа не претставува неисправност.
y
y
Долготрајното прикажување на неподвижна слика (на пр. емитување на лого на канал, мени
на екран, сцена од видео игра или компјутерски екран) може да предизвика оштетување на
екранот, што резултира со ефект познат како врежување на сликата. Врежувањето може да се
задржи долго време или пак никогаш да не исчезне. Гаранцијата на производот не го покрива
врежувањето на сликата.
Избегнувајте прикажување на неподвижна слика на екранот од телевизорот подолго време (1
или повеќе часови за OLED).
Исто така, ако подолго време гледате телевизија со сооднос на сликата 4:3, може да дојде до
врежување на сликата на рабовите на панелот.
Овој феномен исто така се случува и кај производи на трети страни и не може да биде
причина за замена или враќање на пари.
y
y
Генериран звук
Звук на “крцкање”: Звукот на крцкање кој настанува за време на гледање или исклучување
на телевизорот се генерира при термичко собирање на пластиката заради температурата и
влажноста. Овој шум е вообичаен кај производите кај кои доаѓа до термички деформации.
Брмчење на електричните кола/зуење на панелот: Шум со ниско ниво се генерира од
колата со преклопување со голема брзина, кои испорачуваат големи количини на струја за
функционирање на производот. Шумот се разликува во зависност од производот.
Овој генериран звук не влијае врз перформансите и сигурното функционирање на производот.