6
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
МК
Ова е производ со врвен квалитет. Ве молиме внимателно
прочитајте ги
упатствата.
Безбедносни мерки
1.
ВНИМАНИЕ! За време на употребата, рачките и капакот
се вжештуваат. Употребете сува крпа, држачи за садови
за готвење или кујнски ракавици.
2.
Внимавајте секогаш да го поставите топлиот сад за
готвење на заштитена или топлински изолирана
површина или подметка
.
3.
ВНИМАНИЕ! Производот се загрева многу брзо. Поради
ова секогаш внимавајте кога готвите со масло за
готвење бидејќи ова може да предизвика пожар.
4.
ВНИМАНИЕ! Не загревајте го садот ако е празен бидејќи
ова може да предизвика лупење на емајлираната
површина.
5.
За да избегнете оштетување на производот, не
употребувајте остри предмети, внимавајте да не го
изгребете предметот и не сечете ја храната директно во
садот за готвење.
6.
Користете дрвен прибор за готвење и прибор за готвење
направен од пластика која е отпорна на топлина.
7.
ВНИМАНИЕ!Секогаш кревајте го садот и НИКОГАШ не го
влечете по површината на стаклено керамичката грејна
плоча бидејќи ова може да го оштети садот и грејната
површина за готвење.
8.
ВНИМАНИЕ!Кога готвите на груби површини, дното на
садот може да биде оштетено. Погрижете се за садот
бидејќи оштетеното дно на садот може да доведе до
оштетување на другите површини за готвење.
9.
Производот е соодветен за употреба во сите рерни и на
сите грејни плочи до температура од
240
°C. Кога го
користите овој производ во рерна, секогаш поставувајте
го на решетката, и никогаш на долниот дел од рерната.
Внимавајте пламените при шпорет на гас да не
излегуваат од страните на садот за готвење.
10.
Користете грејна плоча или горилник соодветен за садот
за готвење.
11.
Садот за готвење не
е соодветен за употреба во
микробранова печка.
12.
Овој сад за готвење не е соодветен за миење во машина
за садови.
13.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
!
Грижете се за производот.
Внимавајте за да спречите испуштања на садот бидејќи
тоа може да ја оштети површината под производот.
Пред прва употреба на апаратот
1.
Отстранете ја амбалажата и сите ознаки од производот.
2.
Наполнете го садот со вода и почекајте водата да
зоврие. Оставете ја водата да врие кратко време за да
се отстранат сите супстанции кои се останати од
процесот на производство.
3.
Измијте го садот рачно со користење на средство за
миење на садови и топла вода; потоа исушете го со крпа.
4.
Премачкајте ја тавата за грил или
пржење со масло за
јадење а потоа избришете го со сува крпа. Ова ќе ја
заштити тавата од процесот на рѓосување.
Употреба
1.
Загрејте го производот најпрвин на ниска температура,
потоа зголемувајте ја температурата постепено.
2.
Садовите за готвење од лиено железо ја задржуваат
топлината многу добро. Поради ова, доволно е
готвењето и печењето да се одвива на
средни
температури
.
3.
Не гответе на високи температури кога го користите овој
сад.
4.
Црниот емајлиран покривен слој на тавата е
соодветен
за грил/пржење.
Некои корисни совети за чистење и грижа
1.
По секоја употреба, измијтего садот рачно. При миењето
не користете метални четки или абразивни средства за
чистење бидејќи тие може да ја оштетат емајлираната
површина.
2.
Не користете агресивни средства за чистење при миење
на садовите за готвење бидејќи овие средства може да
го оштетат емајлот.
3.
Пред чистење, садот за готвење треба целосно да се
олади; во спротивно емајлираната површина би можело
да се оштети.
4.
Во случај на тврдокорни остатоци од храна, потопете го
садот за готвење во вода оставете го да кисне и
отстранете ги остатоците со употреба на сунѓер.
5.
Премачкајте ја тавата за грил или пржење со масло за
јадење а потоа избришете го со сува крпа. Ова ќе ја
заштити тавата од процесот на рѓосување.
Гаранција
ГАРАНТЕН ПЕРИОД: 2 ГОДИНИ
Оштетување на садови за готвење кое резултира од
неправилна употреба, како на пример прегревање, губење на
оригиналната боја, гребаници, падови, или намерно
оштетување не се покриени од гаранцијата. Во продолжение,
сите барања за рекламација по гаранција што произлегуваат
од гребење на садот ќе бидат одбиени.
Во случај на барање за рекламација по гаранција или поплака
за време на гарантниот период, ве молиме вратете го
производот во целост, вклучително и фактурата на вашиот
локален дилер или контактирајте го центарот за грижа на
корисници на Горење
(телефонски број:
02 3299111).
Ако не
постои ваков центар во вашата земја, ве молиме
контактирајте го најблискиот дилер на Горење
или одделот за
мали апарати за домаќинство при Горење
.
Територијална важност на гаранцијата
:
Гаранцијата важи во рамките на територијата на Република
Македонија. Сите барања за рекламација по гаранција може
да се поднесат само на територијата на која важи
гаранцијата.
Предупредување
!
Гаранцијата и барањата за рекламација по гаранција не ги
исклучуваат правата на потрошувачот во однос на
одговорноста на производителот за дефекти на производот.
ГОРЕЊЕ
ВИ ПОСАКУВА МНОГУ ЗАДОВОЛСТВА ПРИ УПОТРЕБА
НА ОВОЈ АПАРАТ
Го задржуваме правото на воведување на измени во
упатството.
Содержание GPCI 240R
Страница 1: ...GPCI 240R ...