![Global garden products BIO SILENT 2500 Скачать руководство пользователя страница 47](http://html.mh-extra.com/html/global-garden-products/bio-silent-2500/bio-silent-2500_operators-manual_2232850047.webp)
45
БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ
ДО КОИ ТРЕБА СТРОГО ДА СЕ ПРИДРЖУВАТЕ
ВАЖНО - ПРОЧИТАЈТЕ ВНИМАТЕЛНО ПРЕД ДА ЈА КОРИСТИТЕ МАШИ-
НАТА. ЗАЧУВАЈТЕ ЗА СЕКОЕ СЛЕДНО НАВРАЌАЊЕ.
•
ПРЕДВИДЕНА УПОТРЕБА - Користете ја машината само за работата за
која е наменета, т.е. за сечкање гранки и грмушки со максимален
дијаметар од 40 мм.
Која и да е друга употреба може да претставува опас-
ност и да предизвика повреди и штети за лица и/или предмети.
•
НЕСООДВЕТНА УПОТРЕБА -
Се отфрлаат при неправилна употреба (како
пример, но не се ограничува на следното):
– употреба на машината за сечкање материјали коишто не се од вегета-
тивно потекло,
– качување врз машината или корпата,
– употреба на машината за придвижување предмети.
•
МОЖЕН РИЗИК -
Дури и кога ја користите машината на правилен начин,
може да се појават ризични ситуации.Можните опасни ситуации може да се
предизвикаат со (како на пример, но не се ограничува на следното):
– нестабилност или непредвидени движења на машината кога ја преме-
стувате,
– исфрлање на камења или други материјали кои биле ставени внатре слу-
чајно заедно со гранките,
– Прекин или неконтролирано движење на гранките додека ги ставате вна-
тре со намерни повред или повреди на очите,
– неконтролирано исфрлање на гранките што се сечкаат после промена на
ротацијата.
• Овој уред не е наменет да го користат лица (вклучително и деца) со нама-
лени физички, сетилни или ментални способности, или ако немаат искуство
или познавање, освен ако не се под надзор на одговорно лице за безбедна
работа или ако претходно не биле обучени за правилна употреба. Децата
треба да се надгледуваат за да се обезбеди да не си играат со уредот.
1)
Внимателно прочитајте ги упатствата.
Запознајте се со командите и
правилното користење на машината. Научете брзо да го запирате моторот.
• Понатаму:
– Имајте на ум дека корисникот е одговорен за незгодите или опасноста по
други лица или нивниот имот.
1) Не дозволувајте никогаш деца да ја употребуваат машината или други
лица што не се запознаени со основните упатствата.
2) Не користете ја машината ако има луѓе во непосредна близина.
3) Носете акустична заштита, маска за заштита од прашина и заштитни очила
цело време додека ја користите машината.
4) Избегнувајте да носите облека со делови што се виорат или имаат реси или
ленти.
5) Користете ја машината само на отворено (односно, никогаш во близина на
ѕид или друг цврст предмет) и само на цврста и рамна површина.
6) Не користете ја машината на поплочена и замрзната површина каде ис-
фрлениот материјал може да предизвика повреди.
7) Проверете дали сите шрафови и навртки, како и сите стеги и другите на-
прави за фиксирање се соодветно затегнати и дали заштитата и браниците се
на своето место пред да ја вклучите машината. Заменете ги оштетените или
нечитливите етикети.
• Понатаму:
– Пред секоја употреба, проверете продолжниот кабел има знаци на оштету-
вање или знаци на истрошеност и застареност. Веднаш исклучете го при-
клучокот од штекер ако продолжниот кабел се оштети во текот на работата.
НЕ ДОПИРАЈТЕ ГО КАБЕЛОТ ПРЕД ДА ГО ИСКЛУЧИТЕ ОД ИЗВОР НА НА-
ПОЈУВАЊЕ. Не користете ја машината ако продолжниот кабел е оштетен
или изабен.
1) Проверете дали инката за полнење е празна пред да ја вклучите машината.
2) Држете ги главата и телото подалеку од отворот за полнење.
3) Не ставајте ги рацете или другите делови на телото или делови од облеката
во просторот за полење, во каналот за празнење или близу подвижните де-
лови.
4) Секогаш одржувајте рамнотежа и стабилна позиција цело време во текот
на работата, Не наведнувајте се. Никогаш не стојте на повисока позиција од
основата на која стои машината кога ставате материјали.
5) Секогаш стојте подалеку од зоната за празнење кога работи машината.
6) Обрнете особено внимание да не ставате метални предмети, камења, ши-
шиња, лименки и други страни предмети кога внесувате материјали.
7) Веднаш исклучете го моторот и оставете ја машината да се смири ако уре-
дот за сечење удри во страни предмети или ако машината оддава чудни звуци
и ненормални вибрации. Исклучете го кабелот од напојување и преземете ги
следните дејства:
– проверете дали машината е оштетена.
– проверете и затегнете го секоја разлабавен дел.
– заменете или поправете ги оштетените делови со делови со соодветен ква-
литет.
C) ЗА ВРЕМЕ НА РАБОТАТА
B) ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
A) ОБУКА
MK
8) Не оставајте исечканиот материјал да се собира во зоната за празнење, од-
носно треба да спречите полн испуст со што ќе се предизвика враќање на ма-
теријалот кон отворот за полнење.
9) Ако машината се зачепи, исклучете го моторот и извадете го приклучокот
пред да почнете да ги вадите остатоците од отворот за внесување и од кана-
лот за празнење. Внимавајте остатоци од гранките и друг акумулиран мате-
ријал да не влегуваат во моторот за да избегнете негово оштетување или ри-
зик од палење. Имајте во предвид дека кај машините со мотор, истовремено
со палење на моторот се активира и уредот за сечење.
10) Заштитите и браниците мора секогаш да бидат во добра состојба и по-
ставени.
11) Не менувајте ја поставеноста на уредот за регулација на моторот. Уредот
ја контролира максималната моќност и обезбедува безбедна работа и истов-
ремено го заштитува моторот и сите подвижни делови од оштетувања пре-
дизвикани од прекумерна брзина. Контактираје со службата за клиенти ако
имате проблеми.
12) Не транспортирајте ја машината со вклучен мотор.
13) Исклучете го моторот и извадете го приклучокот пред да ја напуштите об-
ласта на работа.
14) Не закосувајте ја машината со вклучен мотор.
• Понатаму:
– Не користете ја машината ако прекинувачот за палење е расипан и не е во
состојба правилно да ја вклучува и исклучува машината.
– Не допирајте ги продолжниот кабел приклучокот со мокри раце.
– Не притискајте го или нагазувајте продолжниот кабел.
– Запрете ја машината и исклучете го кабелот за напојување:
– секојпат кога ја оставате машината без надзор,
– пред да ги отстраните причините за блокирање или чистење на каналот
за празнење,
ВНИМАНИЕ
- во случај на дефект или инциденти во текот на работата, веднаш
исклучете го моторот.Во случај на инцидент со лична повреда или повреда на
трето лице, пристапете веднаш кон постапката за давање најсоодветна прва
помош за дадената состојба и обратете се во соодветен центар за здрав-
ствена заштита за неопходно лекување.Отстранете ги темелно сите остатоци
од косењето што може да предизвикаат дефект или повреди на лица или жи-
вотни ако останат незабележано во машината.
1) Проверете дали изворот за напојување со електрична енергија е исклучен
и дека приклучокот е изваден кога ќе ја исклучите машината заради одржу-
вање, контрола, складирање или заради замена на некој дел.Проверете дали
сите делови што се движат се застанати. Оставете ја машината да се олади
пред да започнете со одржување, регулација и слично.
2) Оставете ја машината да се олади пред да ја складирате.
3) Кога работите на одржување на уредот за сечење, исклучете го кабелот за
напојување и заштите го прекинувачот за палење.Уредот за палење може да
се помести и рачно.
• Понатаму:
– Изабените делови треба да се заменат во специјализиран сервисен центар.
1) Трајното поврзување на кој и да било електричен апарат во ел. мрежа на
објект треба да го реализира квалификуван електричар следејќи ги најстрого
соодветните нормативи. Некоректно поврзување може да предизвика се-
риозни повреди, вклучувајќи и смрт.
2) ВНИМАНИЕ: ОПАСНОСТ! Влажноста и ел. струја не се компатибилни:
– ракувањето и поврзувањето на електричните кабли мора да се изведува на
суво место.
– никогаш не спојувајте извор на електрична енергија или кабел во мокра зона
(бара или влажен терен);
– поврзувањето меѓу каблите и штекерите мора да биде од водоотпорен ма-
теријал. Користете продолжен кабел од интегрирани и водоотпорни де-
лови кои може да се набават во трговија.
3) Каблите за напојување треба да се со квалитет не помал од типот H07RN-
F со минимален пресек од 1,5 мм
2
и со препорачана максимална должина од
25 м.
4) Напојувајте го уредот само преку диференцијал (RCD – уред за наизме-
нична струја) со струја на прекин која не надминува 30 mA.
5) Користете приклучок за струја со моќност и напон соодветни на оние што
се посочени на етикетата и со соодветна издржливост.
1) Секојпат кога е потребно движење, подигнување, транспорт или закосу-
вање на машината, треба:
– да носите заштитни ракавици,
– да ја зафатите машината на места кои нудат сигурен зафат, имајќи ја пред-
вид нејзината тежина и распределба на истата;
– да ангажирате соодветен број луѓе во согласност со тежината на машината
и карактеристиките на средството за транспорт или за местото на кое
треба да се донесе или земе истата.
2) За време на транспорт, обезбедете ја соодветно машината со помош на ја-
жиња или синџири.
D) ОДРЖУВАЊЕ И ЧУВАЊЕ
F) ТРАНСПОРТ И ДВИЖЕЊЕ
E) ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Содержание BIO SILENT 2500
Страница 2: ......
Страница 4: ...1 2 3 4 5 5 6 7 8 8 9 11 10 12 1 2 2 1 1 2 1 5 3 4 2 2 11 12 13 3 2 1 2 3 1 ...
Страница 5: ...3 2 1 3 3 3 4 3 5 3 5 2 1 3 4 2 11 12 13 3 6 1 2 3 1 4 1 ...
Страница 19: ...17 ...
Страница 95: ......