141
MK
• Додека го поставувате приклучокот во
приклучницата проверете дали алатката е
исклучена.
18. Кога сте на отворено користете ги
продолжните кабли.
• Кога на отворено ја користите електричната
алатка, осигурете дека користите соодветен
продолжен кабел кој е обележан како одобрен.
Дополнителни безбедносни упатства
1. Кога ги користите листовите за пила со
тврди метални запци (обложени со јаглерод),
се препорачува да користите сечила со
негативен или малку позитивен агол на
сечење. Не користете листови за пила со
длабоки запци за сечење.
Истите можат да го зафатат заштитниот капак.
2. Внимание: Пред да започнете со работа,
најпрво внимателно склопете ги сите делови.
Следете ја процедурата како што е укажано.
3. Доколку не сте запознаени со користење на
ваква машина, најдобро ќе биде најпрво да се
информирате од професионалец, инструктор
или техничар.
4. Пред да го извршите процесот, секогаш
прицврстувајте или цврсто притискајте
го работниот дел кон водичот на пилата.
Се претпочита користење на поставки за
прицврстување во однос на користењето на
Вашите раце.
5. Важно: Доколку го држите работниот дел
со рацете во текот на процесот кој треба да се
изврши, одржувајте минимално растојание од
100 mm од листот за пилата.
6. Секогаш притискајте го работниот дел кон
клупата.
7. Одржувајте го остар листот за пилата и
редовно проверувајте дали истата ротира
слободно без никакви абнормални вибрации.
Доколку е потребно, заменете го листот за пилата.
8. Пред да го започнете процесот, дозволете
машината слободно да ротира се додека не го
достигне максималниот број на вртења.
9. За подолг работен век на машината,
одржувајте ги воздушните доводи кои
се наоѓаат на задниот дел и на долниот
дел од клупата на машината за сечење, како и
електричниот мотор. Куповите од прашина
мора да се отстрануваат.
10. Пред да започнете со обработка, секогаш
заклучувајте ги поставките за различен степен.
11. Единствено купувајте соодветни листови за
пила со број на вртења од најмалку 6.000
вртења во минута.
12. Користете единствено правилен лист за пила.
Премногу малите или премногу големите
листови за пила се исклучително опасни.
13. Редовно проверувајте го листот за пилата за
какви било неисправности.
Доколку е потребно, заменете го листот за
пилата.
14. Подмачкајте го новиот лист за пила и
исчистете ги ободите пред да го склопите
новото сечило.
Потоа, склопете го сечилото во точен правец
и цврсто повлечете ги ободите со користење
на централната завртка.
15. Единствено користете оригинални ободи.
Сите останати типови не се соодветни.
16. Никогаш не работете без заштитниот капак од
листот за пилата.
17. Подвижниот дел до заштитниот капак исто
така треба да остане склопен.
18. Никогаш не го подмачкувајте листот за пилата
додека ротира.
19. Секогаш држете ги рацете подалеку од
патеката на листот за пилата.
20. Никогаш не го подигајте работниот дел
зграпчувајќи го со рацете долж или позади
листот за пилата.
21. Осигурете дека работниот дел никогаш не го
допира листот за пилата пред да биде
вклучена машината.
22. Никогаш не обработувајте метал или типови
на камен со оваа машина.
23. Користете помагала за потпора при работење
со долги работни делови.
24. Никогаш не ја користете машината во опасна
средина, односно каде се присутни запаливи
гасови или течности.
25. Никогаш не ја оставајте машината без надзор
доколку истата не е исклучена од главниот
довод на електрична енергија.
26. Доколку слушнете абнормални звуци,
обидете се да ги утврдите или однесете ја
машината кон овластен монтер или друштво
за поправка.
27. Доколку одреден дел е расипан или оштетен,
веднаш заменете или поправете го истиот.
28. Никогаш не стојте на патеката од листот
за пилата, туку застанувајте од левата или од
десната страна на клупата на пилата.
Содержание TSM1035
Страница 2: ...2 Fig A 1 Fig A 2 22A 22B 14 16 2A 2B 2C 3 11 10 12 7 3 17 13 4 5 6 1 10 8 11 9 9 15 ...
Страница 3: ...3 Fig A 3 Fig A 4 22B 22A 26 15 21 24 23 25 22B 22A 460mm 22A 440mm 22B 5 18 19 20 21 ...
Страница 4: ...4 Fig C 1 Fig C 2 Fig C 3 28 110mm 3 5mm Fig B 1 Fig C 4 ...
Страница 5: ...Fig G 4 5 Fig G 1 Fig G 3 Fig G 2 Fig D Fig E 27 ...
Страница 6: ...6 Fig H 1 Fig H 2 Fig I 2 Fig J 2 Fig J 1 Fig I 1 30 30 29 2A 2A 2B 2B 29 29 ...
Страница 150: ...150 Exploded view ...
Страница 152: ...WWW FERM COM 2017 FERM B V 1712 14 ...