145
MK
• За да ја исклучите машината, истиот
прекинувач треба да го притиснете во
позиција „0“
• Секогаш држете ги каблите од главното
напојување со електрична енергија
подалеку од подвижните делови.
Со користење на 2 во 1 рачката, прилагодете
го аголот и висината на листот за пилата
Слика A2
Користење на подесувањето за висина
• Свртете ја рачката (9) во правец на
стрелките од часовникот за да го подигнете
листот за пилата
• Свртете ја рачката во правец спротивен
на стрелките од часовникот за да го
спуштите листот за пилата
• Осигурете дека листот за пилата е секогаш
приближно 2 mm повисоко од вкупната
дебелина на материјалот кој треба да се сече.
Користење на подесувањето за агол
Слика G4
• Малку разлабавете го копчето (10)
• Притиснете ја рачката (9) кон машината и
свртете ја во правец спротивен на стрелките
од часовникот за да го прилагодите листот
за пилата во неговиот агол.
• Прицврстете го копчето (10)
Користење на паралелен водич
Скица A1, E, J1, J2
Паралелниот водич (2A) е опремен со
екстензија за водење (2B). Eksenzijata на
водичот може да се користи на два различни
начини, во зависност од дебелината на дрвото.
За подебело дрво, екстензијата на водичот (2B)
треба да се монтира како што е прикажано на
скица J1.
За потенко дрво, екстензијата на водичот (2B)
треба да се монтира како што е прикажано на
скица J2.
• Отклучете го водичот со притискање на
рачката нагоре (Скица E)
•
Малку олабавете ги навртките со крилца (2C)
• Извадете ја екстензијата на водичот (2B)
од паралелниот водич (2A) со лизгање од
паралелниот водич
• Свртете ја екстензијата на водичот во
саканата позиција и лизнете го назад кон
паралелниот водич
• Стегнете ги навртките со крилца (2C)
Упатства за работење
Постојат два типа на методи за сечење:
• Должинско сечење (Слика H1)
Сечење на работното парче по должината
на текстурата на дрвото
• Напречно сечење или отсекување со
користење на надолжниот водич за точно
сечење (Слика H2)
Напречно отсекување на работното парче
И за двата методи на сечење мора да
се користи една од оградите. Затоа,
никогаш не вршете сечење без
ограда!
Внимание!
Пред да започнете со сечење,
најпрво проверете го следното:
1. Дали е прицврстен листот за пилата?
2. Дали се прицврстени рачките за
заклучување?
3. Дали е оградата паралелно поставена во
однос на листот за пилата?
4. Дали соодветно функционира заштитниот
капак?
5. Дали носите заштитни очила?
6. Дали листот за пилата се трие од некој дел?
Апсолутно е неопходно да ги земете
предвид овие точки пред да
започнете со работа!
Должинско сечење
• Прицврстете ја оградата според точната
позиција на мерење и отстранете водичот за
отсекување од носачот на клупата.
• Лесно притиснете го дрвото кон клупата
и дозволете да се лизне кон оградата за
отсекување.
Пред да го вклучите моторот
задржете најмалку 3 cm растојание
од пред листот за пилата.
Страната на дрвото која се наоѓа
наспроти оградата мора да биде
сосема право. Држете ги рацете
најмалку 10 cm подалеку од патеката
на пилата која ќе се следи.
Содержание TSM1035
Страница 2: ...2 Fig A 1 Fig A 2 22A 22B 14 16 2A 2B 2C 3 11 10 12 7 3 17 13 4 5 6 1 10 8 11 9 9 15 ...
Страница 3: ...3 Fig A 3 Fig A 4 22B 22A 26 15 21 24 23 25 22B 22A 460mm 22A 440mm 22B 5 18 19 20 21 ...
Страница 4: ...4 Fig C 1 Fig C 2 Fig C 3 28 110mm 3 5mm Fig B 1 Fig C 4 ...
Страница 5: ...Fig G 4 5 Fig G 1 Fig G 3 Fig G 2 Fig D Fig E 27 ...
Страница 6: ...6 Fig H 1 Fig H 2 Fig I 2 Fig J 2 Fig J 1 Fig I 1 30 30 29 2A 2A 2B 2B 29 29 ...
Страница 150: ...150 Exploded view ...
Страница 152: ...WWW FERM COM 2017 FERM B V 1712 14 ...