MK - 73
Проверете дали:
• Целата храна е соодветно спакувана.
Садовите се исушени пред да ги
ставите во
апаратот
.
• Дали вратите на
апаратот
се отвораат
честопати. Влагата од просторијата
влегува во
апаратот
кога се отвораат
вратите. Влажноста побрзо се
зголемува ако вратите се отвораат
честопати, особено ако просторијата е
многу влажна.
Вратата не се отвора и затвора како
што треба
Проверете дали:
• Има храна или амбалажа што
спречува затворање на вратата
• Шарките се скршени или изабени
• Дали
апаратот
е на рамна површина.
Препораки
• Ако го исклучите апаратот од
струја, почекајте барем 5 минути
пред повторно да го вклучите или
рестартирате за да не го оштетите
компресорот.
• Ако не го користите апаратот подолго
време (на пр. за време на летниот
одмор), исклучете го од струја.
Исчистете го апаратот како што е
посочено во поглавјето и оставете
ја вратата отворена за да спречите
појава на влага и миризба.
• Ако проблемот продолжува откако
сте ги следеле сите погоре дадени
упатства, повикајте го најблискиот
овластен сервисен центар.
• Апаратот кој го набавивте е направен
исклучиво за домашна употреба.
Не е наменет за комерцијална
или заедничка употреба. Ако го
користите ладилникот на начин
којшто не соодветствува со одликите,
потенцираме дека производителот
и застапникот не се одговорни
за поправките или дефектите во
периодот на гаранцијата.
8 СОВЕТИ ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ
ЕЛ. ЕНЕРГИЈА
1. Монтирајте го апаратот во ладна,
добро проветрувана просторија, но да
не е во директен контакт со сончева
светлина и да не биде во близина
на извор на топлина (како што е
радијатор или рерна), во спротивно,
користете плоча за изолација.
2. Дозволете топлата храна и пијалаците
да се изладат пред да ги ставите во
апаратот.
3. Одмрзнатата храна ставете ја во
преградата за ладење, ако има.
Ниската температура на замрзнатата
храна ќе помогне при ладењето
на преградата за ладење додека
храната се одмрзнува. Ова ќе заштеди
енергија. Замрзнатата храна која е
оставена надвор од апаратот да се
одмрзне ќе предизвика непотребно
трошење енергија.
4. Пијалаците или другите течности
треба да се покриени кога се внатре
во апаратот. Ако не се покриени, тогаш
влажноста во апаратот ќе се зголеми,
а со тоа апаратот користи повеќе
енергија. Покривањето на пијалаците
и другите течности помага при
зачувување на нивниот мирис и вкус.
5. Избегнувајте да ги оставате отворени
вратите подолги периоди и да
ги отворате пречесто, бидејќи ќе
влезе топол воздух во апаратот
предизвикувајќи компресорот да се
вклучува непотребно често.
6. Капаците на преградите со различна
температура (како на пример комората
за свежа храна и за разладување, ако
има) чувајте ги затворени.
7. Гумата на вратите мора да биде
чиста и еластична.
Доколку гумата е
оштетена, заменете ја.
Содержание F 2451
Страница 82: ...52366200 ...