MK
59
ИНФОРМАЦИИ
ЗА
УПОТРЕБА
Предупредувања за поставките за температурата
• Температурата во просторијата, температурата на свежата храна и зачестеноста
на отворањето на вратата влијаат врз температурата во одделот на ладилникот.
Ако е потребно, сменете ја поставката на температурата.
• Не се препорачува да го вклучувате ладилникот во средини со температура пониска
од 10° C заради неговата ефикасност.
• Поставувањето на термостатот треба да се направи имајќи во предвид колку често
вратите се отвораат и затвораат за ладилникот и замрзнувачот, колку храна се чува
во ладилникот и од средината во којашто е поставен ладилникот.
• Ладилникот треба да работи 24 часа во амбиенталната температура без
прекинување откако ќе се вклучи за да се излади комплетно. Не отворајте ги често
вратите на ладилникот и не ставајте храна во текот на овој период.
• Функцијата за одложена работа од 5 минути се применува за да се спречи
оштетување на компресорот на ладилникот кога ќе го исклучите или вклучите
во струја повторно или кога ќе снема струја. Ладилникот ќе започне да работи
нормално по 5 минути.
• Ладилникот е дизајниран да работи во интервали на амбиентална температура
согласно стандардите и климатските услови посочени на етикетата со информации.
Не се препорачува ладилникот да работи во средини коишто се надвор од дадените
интервали за температура во однос на ефикасноста за ладење.
• Оваа опрема е дизајнирана да се користи во амбиентална средина со температурен
опсег од 10°C - 43°C.
Климатска
класа
Околна температура °C
T
Меѓу 16°C и 43°C
ST
Меѓу 16°C и 38°C
N
Меѓу 16°C и 32°C
SN
Меѓу 10°C и 32°C
Содержание RBE 27ETC 1D FV
Страница 111: ...52276912 ...