Македонски |
267
Не извршувајте мерења на предните страни, бидејќи тука дрвото се суши особено
брзо. Ова може да доведе до грешни резултати од мерењето.
При мерења на влагата во гориво препорачливо е пред мерењето да се подели
примерокот од дрво и да се измери на три точки. Точки за мерење: секои 5 cm на
растојание од левиот и десниот исечен раб како и во средината на делот од дрвото
(види слика
B
).
Процес на мерење
Извадете го заштитното капаче
(6)
. За таа цел, малку повлечете ги двете страни на
заштитното капаче
(6)
. Прицврстете го заштитното капаче на задната страна на
мерниот уред (магнетски), види слика на страницата
3
.
Пред мерењето, осигурајте се дали околната температура одговара со
температурата на мерниот објект. Доколку е потребно, почекајте додека мерниот
уред не се прилагоди на околната температура.
Измерете ја влагата на најмалку 5 cm од исечените рабови, бидејќи дрвото побрзо
се суши на работ отколку во средината (види слика
B
).
Не мерете на површината на дрвото. При дожд или роса може тука да се собрало
вода и да влијае врз мерењето.
Секогаш мерете преку конецот. Не мерете паралелно со конецот или по годовите
(види слика
A
).
Мерењето се одвива во пределот на длабочината на вметнување на игличките
(5)
.
Оптимални резултати од мерењето се постигнуваат кога игличките се вметнуваат
околу 4–5 mm во парчето дрво. Жлебот на игличките, кој е поставен на длабочина
од 5 mm, дава ориентација.
За да започнете со мерниот процес, притиснете ги игличките во дрвото. Внимание:
притоа не употребувајте сила и воздржувајте се од употреба на други предмети за
да го пробиете мерниот уред во дрвото! Вметнете ги игличките во дрвото со
движење кон лево и десно.
Мерењето започнува веднаш штом игличките
(5)
се допрат со дрвото. Измерената
влага на дрвото се прикажува на екранот
(3)
во делот
(a)
. Измерената влага на дрво
исклучиво се сигнализира преку LED
(4)
:
– зелено: некритична влага на дрвото (< 12 %)
– жолто: алармантна влага на дрвото (12 % ... 20 %)
– црвено: критична влага на дрвото (> 20 %)
Зачувување на мерната вредност
За да ја зачувате мерната вредност, кратко притиснете на копчето за вклучување/
исклучување/Задржување
(1)
. Зачуваната мерна вредност се прикажува во
Bosch Power Tools
1 609 92A 5EY | (29.04.2020)